НЕИСПЕАНИ И НЕДОПЕАНИ ПЕСНИ, стихозбирка

Потребно време за читање: < 1 минута

49. Моја празнотија

Од една празнотија
во друга, во други,
во сè повеќе
пред мене, зад мене,
исто колку во мене.

Сè уште достојувам
достоен и стамен
на нозе,
иако како ми минат
сè помачниве
деноноќија
тие пак стануваат една,
сè поголема,
и сè подлабока;
пред мене, зад мене,
исто колку во мене.

Дури сонцето
изгревно до залезно,
дури месечината
бела и црвена,
дури ѕвездите
блиски и далечни
оваа една и многу,
оваа една со многу,
оваа една како многу
празнотии
не успеваат
од небо до земја
да ја надминат.

Дека моите корени
сосе моите коски
сè позабрзано
ми ги трујат,
за најсетне во ниедно
со заборав време
да ми изгнијат.

Leave the first comment