40. Важно во неважно
Сè неважно
во сè неважно,
освен празнина
меѓу воздив и издив.
Исто како
во неважен живот
сè неважно
за нечиј живот.
Во мојот сè уште,
преостанат,
само едно важно
докрај:
да се достои
со бистрина на умот
пред блиски,
пред далечни,
пред недостижни,
одвај забележливи,
а решавачки
собитија на човекот
со лична природа
во природа.