38. Љубов била
Од некое време љубов била
дека беше за да биде една
на виделина, во изворнина.
Имало од неа ведро небо
дека беше тишина и спокој
меѓу ѕвезди,
меѓу сенки на високи дрвја
што ги испреплеле корените
свои стари и млади.
Од некое време љубов не е
нигде кај што била,
а ни сегде до кај што беше
разлеана, развеана,
раскрилена, разиграна.
Останале само години
во заборав, студенина
и ништожност.