НЕИСПЕАНИ И НЕДОПЕАНИ ПЕСНИ, стихозбирка

Потребно време за читање: < 1 минута

37. Кога негде сè почнува

Не можам да речам секогаш,
но не можам ни да премолчам
некогаш
дека нема ништо никогаш
да почне почнувајќи.

Длабоко ме замислува нешто
што ми се гледа недоволно
промислено, продлабочено
во формата или во содржината
на сè почнато.

Сакам да речам дека
освен при плодење и раѓање
е просто невозможно негде
сè да почне почнувајќи
само затоа што близу крај
се случило нешто незнајно,
нешто крајно неизвесно,
па не се знае
дали ќе продолжи или не.

Leave the first comment