НЕИСПЕАНИ И НЕДОПЕАНИ ПЕСНИ, стихозбирка

Потребно време за читање: < 1 минута

35. Загрижа

Една загрижа на птица
и човек
обзеде ден без ноќ во кој
сите зборови на сите страни
зависни, самотни, огнени,
и сите зборови на сите страни
смртни, а уште живи,
рамнодушни, а уште страсни
стивнаа, онемеа,
сè запустија, се обессилија;
како да исчезнаа
меѓу соништа и стварност:

Дали ќе продолжи нивната
игра радосна, создателна
на ведро, на светло небо,
меѓу облачишта и моњи,
па
во земја запустена од суши,
од насилни преселби
на род и пород,
на бесмислени и безлични
урнатини и градби;

или ќе успеат пред последна
заедничка смрт
да свијат гнездо крај огниште
одамна без неугаслив оган,
дамна без жива душа,
со надеж дека ќе бидат опеани
од некој што остава зад себе
како своја трага
писмо само нему знајно,
загадочно, неодгатливо.

Leave the first comment