33. Нека
Нека е како е
кога не е како
мислам дека е
она што не е.
Нека било
како било
дека не било
како беше.
Нека биде
што е штом
нема да биде
како од мене
да биде.
И оган огнен,
пустошен,
и мраз мразен,
бескрвен.
Нека е зошто е
молк громовит.