25. Секако
И јас можам секако,
како што секој може
секако со еден скок
да прескокне
од еден до друг врв
на заумен и стварен
свет едновремено,
на сон и јава
од време со време.
Секако и јас можам
секако да изѕидам
ѕидишта до небо
околу мене;
јас извор
уште ненајден,
уште неоткриен
за игра и песна
во тишина.
Секако дека секако
ќе издржам докрај
на раб на бездна
последна,
со секакви гласови,
со секакви знаци;
што ги оставиле
предци во мене
за да не заскитам
меѓу туѓи светови.