22. Жив извор
Жив живот живеам
во жив свет
животворен;
заживувам, живеам,
доживувам, одживувам,
преживувам.
И одново заживувам,
и одново живеам,
и одново доживувам,
и одново одживувам,
и одново преживувам
во живо време
што живее живот
до нов живот.
Дамна сум жив,
а откога сум жив
живеев, живеам
и ќе живеам
за да живеам.
Во жив свет
жизнерадосен,
во мој жив свет
животворен.
Живот изворен
крај жив извор
за живи со живи.