Некогаш чувствувам
во последно време
сè почесто
како он и јас сме едно
слично на двајца
во еден негде
истовремено
близу или далеку
неразделни.
Поточно јас во него
а он во мене
како еден човек кој
опстанува како еден
од дамнина до денес.
Притоа зборувам
сам со себе
како да немам
со кого друг
состојба која јас
ја нарекувам самост.
А сите што ме знаат
добро
знаат оти секогаш сум
само јас каде било.
Ниту знам ниту можам
да си доловам
што бидува со човек
кој којзнае од кога
не знае дали е еден
во мнозина.
СЕКИДНЕВИЕ, Собитија, мигновени песни, стихозбирка, 72
Важна напомена: Сите права се задржани. Не е дозволено какво било преземање, копирање, објавување или преработка на делови или цели содржини од овој портал без претходно одобрение од авторот, редакцијата и/или издавачот. За секоја повреда на авторските и сродните права, Паноптикум го задржува правото да побара надомест и соодветна правна заштита.
Уредничка напомена: Во подготовката на содржината може да се користи дигитална/AI асистенција како помошна алатка за јазична, структурна, истражувачка или визуелна обработка. Финалниот текст е уреднички прегледан и објавен под одговорност на авторот и/или редакцијата. Главната илустрација на написот може да биде фотографија, авторска/архивска слика или AI-генерирана концептуална илустрација создадена за визуелна поддршка на текстот.