Не и не досега вака
и не така како ти сакаш
не оди долго
да не ни посакаш
збор во дело.
Не, никако не
не сакаш ли веќе
или не можеш веќе
да не се ни замислиш
ти да немаш сила
против непријател
досега невиден.
Нема ни некој ни ништо
несознаено негде
неслободно неразбрано
дело во збор.
Не, нема и не може веќе
како било
и не, нема повеќе вака
да бидеме снеможени.
Не, не смееме веќе.
Не влегуваме во куќава
ни вака не
без победа последна.
Сал да не се најдеме
несомнени
не секој во свој свет
поготово не во нечиј
нам непознат.
КАМЕНО НЕБО, Смисла, апстрактна поезија/игриви песни, 53