Ни збор ни молк

Потребно време за читање: < 1 минута

НИ ЗБОР НИ МОЛК. НИ ШТО БИЛО МЕЃУ. САМО НИШТО.

ШТО ЗА НИШТО? НИШТО ЗА НИШТО.

НЕКОЈ СЕКАКО СЕ ПРАШУВА ЗОШТО НЕ БИ МОЖЕЛО НЕШТО ЗА НИШТО ИЛИ НИШТО ЗА НЕШТО, НЕКОЈ СЕКАКО СЕ ПРАШУВА ЗОШТО ЗА НИШТО АКО НЕМА НИ ЗБОР НИ МОЛК, А НИ  ШТО БИЛО МЕЃУ.

НЕ ТРЕБА ПРАШУВАЊЕ ЗАТОА ШТО НЕМА ОДГОВОР. СО ДРУГИ ЗБОРОВИ, ЗАЛУДНО Е ДА СЕ ПРАШУВА. ПРОСТО Е: ЗОШТО НЕ ЗА НИШТО? ЗАТОА ШТО Е СЕКОГАШ ПОТРЕБНО, ДУРИ НЕОПХОДНО ЗА ШТО БИЛО, ШТО ЗНАЧИ И ЗА НИШТО.

СПОРЕД СĖ ОНА ШТО ОБИЧНО МУ СЕ СЛУЧУВА НА СЕКОЈ ЧОВЕК, И ЗА НЕГО И ВО НЕГО, ПОГОТОВО СО НЕГО ИЛИ ОД НЕГО, ПРИТОА НЕМА НИ ЗБОР НИ МОЛК, НИ ШТО БИЛО МЕЃУ, ТУКУ САМО НИШТО,  НАЈТЕШКО Е НИШТОТО ДА СЕ ПРЕТСТАВИ КАКО НЕШТО. КОЕ ВО НЕКОЈА МЕРА, СЕЕДНО ГОЛЕМА ИЛИ МАЛА, МОЖЕБИ НЕ Е КЛУЧНО И РЕШАВАЧКО, НО СЕКАКО ИГРАЛО НЕКАКВА УЛОГА ВО РАЃАЊЕТО, РАСТЕЖОТ, СТАРЕЕЊЕТО ИЛИ ПРЕД САМОТИ СМРТ.

ЗАКЛУЧОК КОЈ ТРЕБА ДА СЕ ПРИФАТИ ИЛИ ДА СЕ ОТФРЛИ БЕЗ ПРОМИСЛУВАЊЕ:

КОГА Е ЗБОР ЗА НИ ЗБОР НИ МОЛК, НИ ЗА ШТО БИЛО МЕЃУ, И САМО НИШТО Е НЕШТО.  

НАСЛОВИ (СĖ ВО НАСЛОВ), насловна проза, 32