Заминат одовде  

Потребно време за читање: < 1 минута

ЗАМИНА ОДОВДЕ НЕГДЕ, НА ИЗНЕНАДУВАЊЕ НА СИТЕ СО КОИ БЕШЕ. ТОА НИКОМУ НЕ МУ ГО НИ СПОМНА, А СПОРЕД СИТЕ, ДО ЕДЕН, НЕМАШЕ НИКАКВА ПРИЧИНА. ОВДЕ БЕШЕ НА ВИСОКА ОПШТЕСТВЕНА ПОЗИЦИЈА, СО ПРИЗНАЕНОСТ, ГОЛЕМО ПОЧИТУВАЊЕ, САКАЊЕ, ДУРИ ОТВОРЕНО ИЗРАЗЕНА ЉУБОВ.

ОТКАКО ЗАМИНА ОДОВДЕ НЕГДЕ, СИТЕ ЗАКЛУЧИЈА САМО ЕДНО, ЗА СИТЕ МОШНЕ ВОЗНЕМИРУВАЧКО: ЗАМИНА ЗАТОА ШТО ОВДЕ НИКОЈ ОД БЛИСКИТЕ И ДАЛЕЧНИТЕ НЕ ГО ПРИФАЌАШЕ ЖИВОТОТ ШТО ГО ЖИВЕЕШЕ; САМОТНО И СО ДОВОЛНОСТ ВО СĖ. ЗА СИТЕ НИВ ТОА ЗНАЧЕШЕ И ЗНАЧИ СЕОПШТА СТАГНАЦИЈА, ДУРИ НАЗАДУВАЊЕ, БЕЗ АМБИЦИЈА НА ШТО БИЛО И ВО ШТО БИЛО НАПРЕД.

БЕШЕ ОГРОМНО ИЗНЕНАДУВАЊЕ НА СИТЕ СО КОИ БЕШЕ ДОАЃАЊЕТО ОВДЕ ОД НЕГДЕ ПО КУСО ВРЕМЕ. САМО ПО НЕЦЕЛА ГОДИНА ДЕНА.

СПОРЕД СИТЕ, ДО ЕДЕН, НЕ ЛИЧЕШЕ НА СЕБЕСИ, ОД ПРЕД ЗАМИНУВАЊЕТО ОДОВДЕ.

НА ОГРОМНО ИЗНЕНАДУВАЊЕ НА СИТЕ, ИМ СЕ ВИДЕ НЕУБАВА НА ЛИЦЕ, ДУРИ ГРДА! СО ИСПИЕНА СНАГА, НИ ТРАГА ОД СТРОЈНОСТА! СО НЕСИГУРЕН, КОЛЕБЛИВ, ДУРИ НЕДОСТОИНСТВЕН ЧЕКОР.

ПРОДОЛЖИ ДА ЖИВЕЕ САМОТНО И СО ДОВОЛНОСТ ВО СĖ.

НАСЛОВИ (СĖ ВО НАСЛОВ), насловна проза, 28