Мајстори и мост

Потребно време за читање: < 1 минута

МАЈСТОРИ ЅИДААТ МОСТ НАД ПРЕСУШЕНА РЕКА, А ЗНААТ ДЕКА НЕМА ДА ГО ДОЅИДААТ ДОДЕКА СЕ ЖИВИ. МОЖЕБИ БИ ИМАЛЕ НАДЕЖ ДЕКА СЕПАК ЌЕ УСПЕАТ АКО ЦЕЛТА НЕ ИМ Е СО НЕГО ДА ПРЕМОСТАТ БЕЗДНА, ПОВРЗУВАЈЌИ ДВЕ ПУСТИНИ.

ТОА ШТО ГО ЅИДААТ ОД СТЕНИ КОЈА ОД КОЈА ПОГОЛЕМА, НОСЕЈЌИ ГИ ОД ДАЛЕЧНА СТАРА ПЛАНИНА И ДЕЛКАЈЌИ ГИ СО ГОЛИ СНАГИ, ТОКМАЦИ И ЧЕКАНИ В РАЦЕ, Е ЗАТОА ШТО ДЛАБОКО ВЕРУВААТ ДЕКА НЕКОГАШ РЕКАТА ПОВТОРНО ЌЕ ПОЧНЕ ДА ТЕЧЕ. БИСТРА И ПЕНЛИВА.

НАСЛОВИ (СĖ ВО НАСЛОВ), насловна проза, 25