Пат

Потребно време за читање: < 1 минута

ПАТОВ ВОДИ ДО НЕКОЕ ВРЕМЕ ПРАВО, ПА ДЕСНО, ПА ЛЕВО. КАЈ ПЛАНИНАНА ВО ДАЛЕЧИНАНА СВРТУВА НА ИСТОК, А КАЈ ИЗВОРОТ ВО НЕЈЗИНОТО ПОДНОЖЈЕ НА ЗАПАД.

ПАТ КАКО ПАТ. ОВДЕ-ОНДЕ КАМЕНИТ, ТУКА-ТАМУ ЗЕМЈЕН, А НЕГДЕ-СЕГДЕ ДИВА ТРЕВА, ПАПРАТ, ТРЊЕ, ЛИЈАНИ, ЦВЕЌЕ, ФИДАН, ДРВО. ТУ ТЕСЕН КОЛКУ ДА МИНЕ ЕДЕН ПАТНИК, СКИТНИК ИЛИ НАМЕРНИК, ТУ ШИРОК ЗА ДВА-ТРОЈЦА РОДНИНИ, БЛИСКИ ИЛИ ПОЗНАЈНИЦИ.

НА ПАТОВ НЕ МУ СЕ ЗНАЕ НИ ПОЧЕТОКОТ НИ КРАЈОТ. ПОЧЕТОКОТ МОЖЕБИ НА КРАЈ НА ПУСТЕЛИЈА, А КРАЈОТ МОЖЕ НА ПОЧЕТОК НА ЖИВОТ СО ЛУЃЕ. СИГУРНО ОД ДАМНИНА ДО ДЕНЕШНИНА. КОЈЗНАЕ ДАЛИ ДО СОНУВАНА, ЗАМИСЛЕНА, ПРЕДВИДЛИВА ИДНИНА.

КАДЕ СĖ И НИЗ ШТО СĖ МИНУВА? НИКОЈ НЕ ЗНАЕ.

НАСЛОВИ (СĖ ВО НАСЛОВ), насловна проза, 18