ЧОВЕК ОБЛЕЧЕ КЛОВНОВСКИ КОСТИМ И СТАВИ КЛОВНОВСКА МАСКА НА ЛИЦЕ ПРЕД ДА ИЗЛЕДЗЕ НА ЦИРКУСКАТА СЦЕНА, ПРЕД ПУБЛИКА ПОДГОТВЕНА ЗА КЛОВНОВСКА ЗАБАВА.
ИЗЛЕЗЕ, ЗАСТАНА ВО СРЕДИНАТА КАКО НАТАЖЕН КЛОВН, ОЧЕКУВАЈЌИ СВЕТЛИНА НА РЕФЛЕКТОР ДА НАПРАВИ КРУГ ОКОЛУ НЕГО.
СТИВНАА ТРУБИТЕ И БАРАБАНИТЕ И НАСТАПИ ТИШИНА ПОТОНАТА ВО МРАК. ПУБЛИКАТА ВО ИСЧЕКУВАЊЕ РЕЧИСИ ПРЕСТАНА ДА ДИШЕ. САМО ОДВРЕМЕ-НАВРЕМЕ ЌЕ СЕ СЛУШНЕШЕ ПОНЕКОЕ КИВАЊЕ И ШМРКАЊЕ СО НОС.
НО, СЕ СЛУЧИ ЗА ПРВПАТ ТИШИНАТА ПОТОНАТА ВО МРАК ДА ТРАЕ ДОЛГО, ТА ПРЕДОЛГО, А РЕФЛЕКТОРОТ НИКАКО ДА СЕ ЗАПАЛИ!
ПУБЛИКАТА НАТАЖЕНА ТРГНА ПОТАМИНА ДА ИЗЛЕГУВА ОД ЦИРКУСКИОТ ШАТОР. МАЖИ, ЖЕНИ И МАЛИ И ГОЛЕМИ ДЕЦА ФАТЕНИ ЗА РАЦЕ, ВО РЕДОВИ ПО ДВАЈЦА.
ЧОВЕКОТ ОБЛЕЧЕН ВО КЛОВНОВСКИ КОСТИМ И СО КЛОВНОВСКА МАСКА ИЗЛЕЗЕ САМ НА ВИДЕЛИНА.
НАСЛОВИ (СĖ ВО НАСЛОВ), насловна проза, 3