АКО СИ ПРЕД ЕДНО БЕСПАЌЕ ИЛИ КОН НЕГО ПА ВО НЕГО, АКО СТОИШ ВО МЕСТО ИЛИ СИ ТОЛКУ ОБЕССИЛЕН ШТО ДА НЕ МОЖЕШ ДА ДОСТОИШ ИСПРАВЕН-ВРЕМЕТО Е УШТЕ СОСЕМ МАЛУ ТВОЕ. МОЖЕ ДА БИДЕШ И ЧЕКОР И ЧЕКОРИ НАЗАД, ШТО ПОДАЛЕКУ ОД НЕГО. НО АКО СЕ ПОВЕЌЕ ПРЕД ТЕБЕ, АКО СЕ МНОГУ ЕДНО ПО ДРУГО? МОЖЕ ВО ЕДНО ПА ОД НЕГО ВО ДРУГО, ПА ОД ДРУГО ВО ТРЕТО, ПА ОД ТРЕТО…И ШТО Е ЗА ТЕБЕ ПОМЕЃУ НИВ?
ЛЕКСИЧКИ: БЕСПАЌЕ-БЕЗ ПАТ ИЛИ БЕЗИЗЛЕЗ. БЕЗ ПАТ ЗНАЧИ ВЕЌЕ НЕМАШ КАДЕ, ЗНАЧИ СИ КАДЕ БИЛО ИСТО КАКО НИКАДЕ. ВО БЕЗИЗЛЕЗ ЗНАЧИ ВЕЌЕ НЕ Е МОЖНО ДА СЕ ИЗБАВИШ, ЗНАЧИ КОНЕЧНО СИ НА КРАЈ БЕЗ НОВ ПОЧЕТОК. ТВОЈ КРАЈ.
ТОЛПА ВО БЕСПАЌЕ. НЕ СЕ ЗНАЕ УШТЕ КОЛКУ ИМА ВРЕМЕ ЗА НЕА. ВСУШНОСТ, ОДАМНА НЕМА. ВСУШНОСТ, ТОЛПА БИЛА ОДАМНА.
НАСЛОВИ (СЀ ВО НАСЛОВ), насловна проза, 31