Живот неподатлив за прикажување

Потребно време за читање: < 1 минута

СНЕМОЖЕ И ПАДНА НАЗЕМИ. СЕ ОБИДЕ ДА СТАНЕ НА СВОИ НОЗЕ, ПРИДРЖУВАЈЌИ СЕ СО РАЦЕТЕ ЗА ОГРАДАТА ОД ТРЊЕ. НИКОЈ НИ БЛИЗУ НИ ПОДАЛЕКУ, А ВО НЕГО НЕКАКВА ДЛАБОКА, ЦРНА, ГЛУВА И МАЧНА ТИШИНА.

ПОМИСЛИ НА ВРЕМЕТО НА СМРТТА. ЗНАЕ ДЕКА ТОА МОЖЕ ДА ТРАЕ НЕКОЕ ВРЕМЕ, НО МОЖЕ И ДА СЕ СЛУЧИ МИГУМ АКО НЕ Ѝ СЕ СПРОТИВСТАВИ НЕКАКО. КАКО?

ПРВО МОРА ДА СТАНЕ НА СВОИ НОЗЕ. НИКАКО ДА НЕ ОСТАНЕ ПОДОЛГО ПАДНАТ НАЗЕМИ. ЗАТОА ШТО ЗНАЕ КОЛКУ БРЗО ЗЕМЈАТА МУ ОДЗЕМА ОД РАМНОТЕЖАТА МЕЃУ ДУХОТ И ТЕЛОТО. ПА, ОТКАКО ЌЕ СТАНЕ, ДА ПОЧНЕ ДА ДИШЕ РАМНОМЕРНО И ЛЕКА-ПОЛЕКА ДА МИНЕ НИЗ ОГРАДАТА, ПРИТОА НАЈМНОГУ ВНИМАВАЈЌИ НА ТРЊЕТО.

ГО ДОГЛЕДА СТРОЈНА МОМА. МУ ПРИЈДЕ, МУ ПОДАДЕ РАКА. ОТКАКО ТОЈ ЈА МИНА ОГРАДАТА, ОБАЈЦАТА БАВНО ЗАЧЕКОРИЈА ПО НЕЈЗИНИОТ ПАТ. ЗАГЛЕДАНИ ЕДЕН ВО ДРУГ ЗАНЕСНО.    

СЕ РОДИ НОВА ЉУБОВ ЗА НИВЕН ЖИВОТ. НЕПОДАТЛИВ ЗА ПРИКАЖУВАЊЕ.

НАСЛОВИ (СЀ ВО НАСЛОВ), насловна проза, 9