Неродена љубов 

Потребно време за читање: < 1 минута

НИКОЈ НЕ СЛУШНАЛ ЗА ЉУБОВ КОЈА НЕ СЕ РОДИЛА НИКОГАШ И НИКОГАШ НЕМА ДА УМРЕ. НИТУ, ПАК, НЕКОЈ ТРЕБА ДА СЛУШНЕ ЗА ДА ЈА ЗНАЕ, А ДА НЕ ЈА ПРЕПОЗНАВА МЕЃУ ДРУГИ. ОСОБЕНО МЕЃУ ОНИЕ ЉУБОВИ ШТО СЕ РАЃААТ ОДВРЕМЕ-НАВРЕМЕ И Е СОСЕМ НЕВАЖНО ДАЛИ ЌЕ УМРАТ БАВНО ИЛИ ЗАБРЗАНО.

ВСУШНОСТ, ВИСТИНСКОТО ПРАШАЊЕ Е ЗОШТО НЕКОЈ БИ ТРЕБАЛО ДА СЛУШНЕ ЗА НЕА ЗА ДА ЈА ЗНАЕ. ЕДНО ЗАТОА ШТО НЕ СЕ РОДИЛА И НЕМА ДА УМРЕ, А ДРУГО ПОРАДИ НЕЈЗИНИОТ ЖИВОТ КОЈ НЕ СЕ ЖИВЕЕ, НИТУ МОЖЕ ДА СЕ ОДЖИВЕЕ.

НАЈВАЖНОТО НЕШТО ШТО ТРЕБА ДА СЕ ИМА НА УМ КОГА Е ЗБОР ЗА ЉУБОВ КОЈА НИКОГАШ НЕ СЕ РОДИЛА И НИКОГАШ НЕМА ДА УМРЕ, А ЗА ШТО МОЖАМ ДА СВЕДОЧАМ ЛИЧНО: СЕ СЛУЧИ МИГНОВЕНО И МОЛКОМА.   

НАСЛОВИ (СЀ ВО НАСЛОВ), насловна проза, 6