МУ ДОЈДЕ КРАЈОТ НА ПОЧЕТОКОТ ЗАТОА ШТО НИКАКО НЕ ПРИФАЌАШЕ ДЕКА ЧОВЕК МОЖЕ ДА ПРЕЖИВУВА БЕЗ СВОЈ СВЕТ. УПОРНО ПРОДОЛЖУВАШЕ ПО ЗЕМЈЕНИОТ И КАМЕНИТ ПАТ МЕЃУ ДВЕ ПРОВАЛИИ. СТАМЕНО. СО ТВРДИ И СИЛНИ ЧЕКОРИ ПОД КОИ ОВДЕ-ОНДЕ ЗЕМЈАТА РАСПУКУВАШЕ.
МУ ДОЈДЕ КРАЈОТ НА ПОЧЕТОКОТ ЗАТОА ШТО ПАТОТ НЕ БЕШЕ НЕГОВ И НЕ ВОДЕШЕ КОН НЕГОВА ЦЕЛ.
КАКОВ КРАЈ?
ПАТОТ НЕ БЕШЕ ПАТ, ТУКУ КРУЖНО ТЕСНО ПРИСОЈНО МЕСТО. ПОСТОЈАНО НА СОНЦЕ, СЕНКА НИТУ МИГ, И ОБГРАДЕНО СО КОСКИ НА МРТВИ ВОИНИ ОД ВЕКОВНИ ВОЈНИ.
СЕ ОБИДЕ ДА МУ СЕ СПРОТИВСТАВИ НА КРАЈОТ НА ПОЧЕТОКОТ, ЗАМИСЛУВАЈЌИ ДЕКА ЗЕМЈЕНИОТ И КАМЕНИТ ПАТ МЕЃУ ДВЕ ПРОВАЛИИ ВОДИ КОН ЖИВОТ ЗА ПАМЕТЕЊЕ.
НАСЛОВИ (СЀ ВО НАСЛОВ), насловна проза, 5