ЕДЕН КОЊ ЈАВНАТ ОД ЦРН ОБЛАК ГАЛОПИРА КОН КАРПЕСТ БРЕГ НА МОРСКА ШИР ШТО ГО БИЈАТ ВИСОКИ ПЕНЛИВИ БРАНОВИ. ТОЈ Е ГОЛ, ЦРВЕН, А ГРИВАТА И ОПАШОТ БЕЛИ. ГРИВАТА МУ СЕ ВИОРЕШЕ.
СПОРЕД ГАЛОПОТ, НИ ОДДАЛЕКУ НИ ОДБЛИЗУ НЕ МОЖЕШЕ ДА СЕ РАСПОЗНАЕ ДАЛИ СЕ ДИВИ ИЛИ ПИТОМИ.
ЦРНИОТ ОБЛАК ГО БОДИНАШЕ КОЊОТ ПОСТОЈАНО ВИКАЈЌИ МУ ДЕКА МОРА ДА МУ ГО РАСКАЖЕ СВОЕТО МИНАТО, БИДЕЈЌИ Е МОШНЕ ВАЖНО ЗА НЕГОВАТА ПОСЛЕДНА ОБЛАЧНА ПЕСНА БЕЗ ПОЧЕТОК И КРАЈ.
БЕЗИМЕН СЛИКАР КАЧЕН НА НАЈВИСОКАТА КАРПА НА БРЕГОТ ГИ ДОГЛЕДА И УСПЕА ДА ГИ НАСЛИКА НА ПЛАТНОТО НА ШТАФЕЛАЈОТ ТЕМНОЦРВЕНИ, БЕЛИ И ЦРНИ, СО ТРИ-ЧЕТИРИ ШИРОКИ ПОТЕЗИ.
НАСЛОВИ (СЀ ВО НАСЛОВ), насловна проза, 8