Минлив живот без трага

Потребно време за читање: < 1 минута

ЕКОЈ МОРА ДА РАСКАЖЕ НЕЧИЈ МИНЛИВ ЖИВОТ, И ТОА ОД РАЃАЊЕ ДО СМРТ. НА ПРИМЕР, МОЖЕ САМО КАКО ПРИМЕР ШТО НИКОЈ НЕМА НИ ДА ГО ПОДДРЖИ, А КАМО ЛИ ДА ГО СЛЕДИ.

ЈАС ДОСЕГА, ДО ОВОЈ МОМЕНТ НЕ СУМ ЗАПОЗНАЛ НИЕДЕН РАСКАЖУВАЧ ОД ПОБЛИСКОТО И ПОДАЛЕЧНОТО РАСКАЖУВАЧКО МИНАТО КОМУ МУ УСПЕАЛО ТОА.

НЕКОЈ СЕ ПРАШУВА ЗОШТО МОРА? ОДГОВОРОТ Е МНОГУ ПРОСТ: ЗАТОА ШТО ТОКМУ МИНЛИВИОТ ЖИВОТ ВО НАШЕВО ВРЕМЕ СТАНА НЕСПОРЕН. И НЕ САМО ДОМИНАНТЕН, ТУКУ ДУРИ СĖ ПОВЕЌЕ БЕЗАЛТЕРНАТИВЕН.

ЌЕ БИДАМ ИСКРЕН И ЌЕ ОБЗНАНАМ ДЕКА ЈАС ПРОБАВ ДА РАСКАЖАМ ЕДЕН МИНЛИВ ЖИВОТ, НО НЕ МИ УСПЕА. НАЈМНОГУ НЕ ПОРАДИ РАСКАЖУВАЧКА НЕОПИТНОСТ, НЕТАЛЕНТИРАНОСТ, НЕДОЖИВЕАНОСТ ИЛИ СЛАБА РАСКАЖУВАЧКА ЕНЕРГИЈА. ЕДИНСТВЕНО ОД НЕМОЌ ПРЕД ЕДНА ПРВА РЕЧЕНИЦА ЗА НЕГОВОТО РАЃАЊЕ, А КОЈА МИ СЕ ПОВТОРУВАШЕ СĖ ДО НЕГОВАТА СМРТ:

ВО БЕСТРАГА СЕ РОДИ МИНЛИВ ЖИВОТ ШТО ЗАВРШИ БЕЗ ТРАГА.

  НАСЛОВИ (СЀ ВО НАСЛОВ), насловна проза, 16