Река крај збрани и надежно семе

Потребно време за читање: < 1 минута

БЕЗДЕТНИ ГИ ЗБРА НАДЕЖНО СЕМЕ, КОЕ НА НИВНА ЗАПУСТЕНА ЗЕМЈА ВО РАНИ ЗОРИ ОД НЕБО ИМ ГО ФРЛИ ПТИЦА ПРЕСЕЛНИЦА, И ПО ДОЛГИ РАСПРАВИ ЗАЕДНО РЕШИЈА ТОЧНО НАПЛАДНЕ ДА ЗАСТАНАТ ПОД СОНЧЕВ  ЗРАК. ЗАТОА ШТО ВЕЌЕ ПОДОЛГО ВРЕМЕ СИТЕ СОНУВААТ ЕДЕН ИСТ СОН:

СО ДЕНОВИ И НОЌИ ПАЃА ПОРОЕН ДОЖД, ПА ГОЛЕМАТА, ШИРОКА И ДЛАБОКА РЕКА КРАЈ НИВ САМО ШТО НЕ СЕ ИЗЛЕАЛА ОД СВОЕТО КОРИТО; МАТНА, ПРЕПОЛНА СО СЕКАКОВ СМЕТ И ФЕКАЛИИ, ЗАБРЗАНА, ОСИЛЕНА . СЕПАК СЕ НАДЕВААТ ДЕКА, АКО ТОЧНО НАПЛАДНЕ ЗАСТАНАТ ПОД СОНЧЕВ ЗРАК, ЌЕ СЕ ОСНАЖАТ И ЌЕ СЕ ОХРАБРАТ, ТА ЧАСКУМ ЌЕ ЈА СМИРАТ, КАКО ДА НЕ ТЕЧЕ; ТА ЌЕ ЈА ИСЧИСТАТ, ЌЕ ЈА ИЗБИСТРАТ И ЌЕ ЈА НАСОЧАТ КОН СЕМЕТО НА ЈИВНАТА ЗАПУСТЕНА ЗЕМЈА.

СОНОТ Е СОН, НЕ Е НИТУ ПРЕДВЕСНИК, НИТУ ЗАСТРАШУВАЧ, НИТУ ИДЕ ОД СОБИТИЈАТА И НЕНАДЕЈНОСТИТЕ ВО ПОСЛЕДНО ВРЕМЕ. НАДЕЖНОТО СЕМЕ И ПТИЦАТА ПРЕСЕЛНИЦА СЕ ТИЕ ШТО НА БЕЗДЕТНИТЕ НЕ ИМ ДАВААТ МИРА.

ИМЕНО, СЕМЕТО Е ИСУШЕНО, БЕЗЖИВОТНО, А ПТИЦАТА СТОИ НА НЕБО НЕМА, БЕЗ ПЕСНА, БЕЗ КРИК, КАКО ВО ИСЧЕКУВАЊЕ; НИКАКО ДА СИ ГО ПРОДОЛЖИ ПРЕСЕЛНИЧКОТО ЛЕТАЊЕ.

ЕХ, КОГА БИ ЗНАЕЛЕ ДЕКА НАСКОРО ЌЕ СЕ ИЗЛЕЕ РЕКАТА ШТО ТЕЧЕ КРАЈ НИВ И ЌЕ ГИ ПОПЛАВИ И НИВ И НИВНАТА ЗАПУСТЕНА ЗЕМЈА!

СЀ ПОГОЛЕМ Е БРОЈОТ НА ОНИЕ ПОМЕЃУ НИВ ШТО СЕ СОСЕМА УВЕРЕНИ ДЕКА КЛУЧНО ПРАШАЊЕ ВО ВРСКА СО НИВНИОТ ОПСТАНОК Е КОЈА Е ПРИЧИНАТА ЗА НИВНАТА БЕЗДЕТНОСТ.

 НАСЛОВИ (СЀ ВО НАСЛОВ), насловна проза, 7