Процеп

Потребно време за читање: < 1 минута

СЕ ПРОЦЕПИ ЗЕМЈА ОД ЕДНА ДО ДРУГА ПЛАНИНА И ПРОГОЛТА КУЌИ, ОБЛАКОДЕРИ, УЛИЦИ, ПЛОШТАДИ, ПАРКОВИ, ШУМИ И СКАМЕНЕТО МИНАТО. СОСЕ ЖИВОТНИ И ЛУЃЕ.

НЕ СЕ ЗАТВОРИ, НИТУ МОЖЕ ДА ЈА ЗАТВОРИ НЕКОЈА ЖИВА СИЛА.

ЛУЃЕТО НАСЕЛЕНИ БЛИЗУ И ШТО ПОДАЛЕКУ, КОИ НЕ НИ ПОМИСЛУВААТ ИЛИ НЕМААТ КАДЕ ДА СЕ ИСЕЛАТ НЕГДЕ СО ЖИВОТ БЕЗ СТРАВ И НЕИЗВЕСНОСТ,  СЕ ОРГАНИЗИРАА И СЕ ОПРЕМИЈА  ЗА СОВРЕМЕ ДА НАСЛУШНАТ, ПА ДА ИЗМЕРАТ НОВО ПРОЦЕПУВАЊЕ.

ЗАСЕГА НИКОЈ НЕ УСПЕВА ДА ДОМИСЛИ КАКО СИГУРНО, БЕЗБЕДНО, ЦВРСТО И ДОЛГОРОЧНО ДА СЕ ПРЕМОСТИ ПРОЦЕПОТ ОД ЕДНА ДО ДРУГА ПЛАНИНА.

НАСЛОВИ (СĖ ВО НАСЛОВ), насловна проза, 2