НАСИЛСТВО
Насилството не е секогаш на јак спрема слаб. Неретко и слабиот е насилен спрема јак токму зашто е слаб. Има насилство и во опстој и во одбрана на самосвеста, самобитноста, слободата, достоинството…
Македонски народни пословици и изреки
Викај по волкот дури не влегол во булукот.
Кој сече со меч, од меч гине.
Кога стариот пес лае, треба да се види што е.
Пословици и изреки од народи во светот
Подобро да се биде внимателен отколку слепо да се јуриша. (Индиска)
Забите се граница на јазикот. (Српска)
Она што ќе го зафатат огнот, војската и водата, не може да остане. (Српска)
Борба против оган со оган.(Англиска)
Кога ќе дозволиме да се срушат куќите, настојуваме да ги спасиме урнатините. (Руска)
Полесно е да се извади мечот од ѕидот, отколку да се закачи. (Руска)
Ако си го одбрал едниот крај на стапот, си го одбрал и другиот. (Африканска)
Ако чеканот е твоето единствено средство, секој проблем ќе ти изгледа како шајка. (Африканска)
И една ноќ анархија е полоша од многу години тиранија. (Арапска)
Латински изреки
Fer aut feri: ne feriaris feri! (Или трпи или удри; удри за тебе да не те удрат.)
Gutta cavat lapidem non vi sed saepe cadendo. (Капката длаби камен не со сила, туку со често капење.)
Ira initium insaniae. (Гневот е почеток на лудило.)
Mala herba cito crescit. (Плевелот брзо расте.)
Домисла, гесло, мисла водилка
Устата на праведниот е извор на живот, а устата на нечесниот крие насилство.
Библија
Подобро е ако се наоѓаме меѓу прогонети одошто меѓу прогонители.
Талмуд






