Народски изреки VII, 231-452

Потребно време за читање: 9 минути

231. Ебати политичаро со кој нема кој шо не се мајтапи.

232. Ме вади од такто то шо сè се прај колку да се речи оти је напраено.

233. Чим зависи од нас, оти дозволуамe да зависиме?

234. На врво си кога је ко шо си сакал да биди.

235. Доста је кога за нас ќе нема појќе.

236. Се изначекав, а ми се чини дека ја нема да дочекам.

237. Совреме за наше време.

238. Со итроштини нема политика.

239. Ја и ти за сè убоо за нас.

240. Саде без исти нема да ни биди исто.

241. Свето мора шо поскоро да узнај за заднината на преднината.

242. Надежно за да не биди залудно.

243. Нема мака за шо се сака.

244. На раскрсница пред пресвртница.

245. Лошотилако го ништо чоека однатре.

246. Песо на чоеко му је поверен одошто чоеко на песо. И во живот и по смрт.

247. Штити убајна оној шо ја припознаа.

248. Поготово помагај му на оној кому му се одмага.

249. Чоештината је за секого и за сите.

250. Не да одиш чекор по чекор, ами да грабиш за да стасаш накрај пред оној пред тебе.

251. Глаа не губиш оти ја љубиш, ами оти не кажуа дал` те љуби.

252. Криво ти је, а нема кој да ти го испрај.

253. Сè ти фали прибидејќи ништо не ти је доста.

254. Остајте му ги на стар бел дедо љубовта, староста и спокојо и то ќе му је доста.

255. Кој има мумност и знајње не оди бос по свето.

256. Шо је то токмак?
То је партиски војник на власт кого не го бидуа за друго, освен за праење сè шо ќе му се нареди.

257. Ти шо си бил во свое време, никој не можи да биди во свое.

258. На хоризонто денеска нов сончев зрак на нашево денес.

259. Се менуаш и менуаш, сакал ти али нејќел.

260. Измеќари поликтикантски на власт-туѓински платеници.

261. Најтерсене се кавгаџиите празноглај.

262. Нема назад по стоење во место.

263. Се нашле кој од кој побудала, па почнале да бистрат политика.

264. Толку многу се љубат, шо нема ни шо ни кој да ги раздели.

265. Шо било не се враќа, а не се знај дали ем до кога ќе се памети.

266. Лични не есапат безлични.

267. На безумен му го солиш умо?!

268. Ем се валкаат ем ги валкаат валканите абдали.

269. Твојо инает сетне ќе ти се врати.

270. Едностраноста је измачувачка.

271. Со деној и ноќи ти никому не му се случуаш.

272. Се препрааш дека ти је сè рамно. Не ќе можиш така долго.

273. Нема спас за нас со мафијашки политиканти на власт.

274. Културата и творештвото не треба да се случуаат, ами без престан да се богатат и негуаат.

275. Свето је незамислив без нашите најдлабоки корени.

276. Со ситни души владеат бездушни.

277. Со добри платци врви работата.

278. Споделуам трајности.

МОИ НАРОДСКИ ИЗРЕКИ ЗА ВРЕДНОСТА

279. Не му вреди корено на дрво без плод.

280. И трновитио пат је за чоек шо решил да стигни до цел.

281. Мора да се научиме да припознааме шо вреди во секој живот шо вреди.

282. Со дела се докажуа траењето во свое време.

283. Секој збор и секое дело промислени и макотрпно создаани.

284. Преживуа она шо вреди и во сѐ безвредно.

285. Узнаваме колку ни вредел живото откога ќе премалиме али ќе го изгубиме здравјето.

286. Најмногу вреди да се живеј со лујѓе кои умеат да ја изделат трајноста од минливоста на живото.

287. Не је чоек оној шо обезвреднуа вредност зато шо је мал пред него и не голем со него.

288. Дребнави и минливи нешта отфрлаат трајни.

289. Она шо вреди, само излегуа на виделина.

290. И со тоар и без тоар, магарето не си го мени магарешкио карактер.

291. Вредноста не је за на пазар, ами за показ и доказ на постојаност.

292. Не барај што-годе вредно во кал.

293. Чоеко и негоото дело се неразделни и во живото и по смртта.

294. Убаа мома со бисерно грло и со бисери накитена.

295. Лисје го бранат плодо дури не созреј и да не презреј.

296. Богат је саде со она што вреди за него и за друзи.

297. Чиниш на себеси големо зло оти не го признааш она шо вреди.

298. За вредното нема време. Има за негојо создател.

299. Не се споредуаат една и друга вредност, ниту се натпреваруаат меѓусебно.

300. Вредното дело само се докажуа колку вреди.

301. Величам творец на велико дело.

302. Ништо прекуноќ, освен прекуноќно богатење.

303. Власт саде за пари. За ништо друго?!

304. Како пак довербата да се престоруа во измаменост и разочаруање!

305. Црвени линии за сè црно пишано.

306. Предводник на партија кој а отвори уста се докажуа недоветен.

307. Партократија-мафијашки политикантски партии на власт и во опозиција.

308. На власт за арчење народни пари.

Прочитај и за ... >>  Народски изреки VII, 1-230

309. Несносливо бедно, јадно, валкано и испогането живуркање.

310. Во тебе таена љубов-незаживеана.

311. До нигде никоаш-конечно ја разбира скитник својата скитачка положба.

312. Нема ни денес ни утре сè дур` на едни животи тесно им го кројат и им шијат друзи.

313. А бре, престани да кажуаш шо ќе прајш до утре. Ти се смеат оние шо ти работаат зад грб. Ќути и прај.

314. Не се лажи свестен народ со убедуање оти му је поарно одошто му је.

315. Власта ко да је догоорена со арамиите они да се сокријат во заборав али да си ги сменат личните описи.

316. И личнио и колективнио живот на ветромет!

317. Глупав политикантски предводник продолжуа да се глупира, а и негојте подлизурковци и туѓински измеќари!

318. Од мене секоаш многу. Никоаш малу.

319. Нема замин во неврат од никого разбран.

320. Од секого је едно најјако.

321. Творецо си твори сам со себеси.

322. Нему реченото му је далеку од сторено.

323. Нема кој не знај колку сте извалкани. Ништо ни ве пере ни ве мие. Ама вие си терате валкано!

324. Не заслужуате ни глас од народо!

325. Никако ко шо друзи сакаат.

326. Властољупци не го слушаат народо, а радо ги прислушкуаат оние од кои имаат уплав.

327. Љубов ли је да љубиш тајно и молчешкум?

328. Да не ти се веруа шо гледаш и шо слушаш. Плевели оросписки.

329. Им гори под нозе, та итаат џенем да фатат.

330.  Никако да го исчистиме гнилежо, да го фрлиме на буниште. А буништето веќе до небо.

331. Еден излапен цреп уби предавничка партија во негој валкани раце.

332. Ќе кажуам сè дур` имам за кажуање.

333. Немој ко ја, ами ко ти.

334. Од креативнио дух најмногу зависи сè.

335. Далеку од сè-близу докрај.

336. Молчешкум се заборааме.

337. Многу откриено шо допрва ќе се открие.

338. За личнио спокој најчесто се плаќа највисока цена.

339. Полит-бизнис олигарсите се осилиле толку во крадење на народо, шо наскоро сите диви животни ќе бидат заштитени со закон. Не само мечките.

340. Шо прајме со партискио бандитизам?

341. Нема цена за чоештина. И во чоек и од чоек.

342. Ни вештачка интелигенција не можи да им стај крај на изборните партиски местенки кај нас.

343. Се нашле, та се ќердосале убаа на мама и мажиште на тато.

344. Се памети од мене речено-сторено? Ја мислам понешто.

345. Мисли со ладна натпартиска глаа. Не со зовриена партиска.

346. И на старост се припознаа љубов.

347. Пропадната партиска држава, испогането простачко општество.

348. Можи да је предоцна за од мене шо било, ама од вас за нас не је.

349. Тамам ме подзаборај, ме догледа и ме праша дал`сум ја али не сум!

МОИ НАРОДСКИ ИЗРЕКИ ЗА ГОЛЕМИТЕ ЛУЃЕ

350. Големи лујѓе за со лујѓе. Немало, нито ќе има без ними.

351. Пред мене голем чоек во свое време.

352. И арни и големи се оние шо се посветиле на создаање добри дела.

353. И големите луѓе во заборав. На мали.

354. Ем прави ем испраени пред секакви премрежја.

355. Луѓе вековити крај огништа вековити.

356. Зборојте на извишенио чоек му се низа алтани.

357. Длабоки и мудри думи од голем чоек.

358. Меѓу луѓе нема нелуѓе, а има саде асолни и големи со ними.

359. Виден чоек со големо дело за безвремие.

360. Дела на големи луѓе не пропаѓаат заедно со дела на мали.

361. Испраени на ветромет со векој.

362. Голем чоек стожерен.

363. Секој на својто вистинско место. Голем али мал.

364. Чествуаме свои големи луѓе. Со ними нѐ припознаа свето.

365. Мали народи предводат големи луѓе.

366. Возвишен чоек со возвишени подвизи.

367. Он стои високо и повикуа луѓе да му се придружат. Да не биди предолго сам.

368. Му завидуаат на создаеното оти не можат колку него и како него.

369. На голем чоек и сенката му је голема.

370. Умрени мраморни големи луѓе исто ко живи.

371. Сонце греј голем чоек, а со него и мали.

372. Грамадни луѓе и најблизу и најдалеку.

373. Делото на голем чоек је немерливо.

374. Нема утре, а и денес не је шо треба да биди. Поготово за стари ем болни.

375. Ако си силен ко еден, не ти треба партија.

376. Не се пресече совреме јазоло со меч, па ништо не ни чини и нема да ни чини.

377. Секој без мака трга на своја страна, па зато допрва ќе си тргаме мака.

378. Уште долго ќе биди ко шо је, и зато ич не ми је гајле кого сè ќе наместат божем избран од народо.

379. Скоро не ќе сум и без мене ќе биди сè.

380. Си го одиграл своето, та веќе никому не му требаш. Дури пречиш.

381. Со мене не можиш да бидиш пресметливо. Нема за шо.

382. Убајната во љубовта не је минлива, ама је менлива.

383. Ја уште за чекор по овде и ова.

384. Си знам ја и кој бев и шо бев и кој сум и шо сум. Шо оти?!

Прочитај и за ... >>  Народски изреки, 453-690

385. Ко ќе дојш на мои години, можи ќе дојш и на моето.

386. Ја секоаш решавам непоколебливо. Ама то не ми вреди со страшливци за својто денес и нашето утре.

387. Ништо полесно од да лажиш и крадеш во излажана и испокрадена држава.

388. Толку се разочарав, шо веќе во ништо и во никого не веруам.

389. Жива мака је да останиш чоек меѓу нечоеци.

390. Од тебе сè, ама баш сè веќе видено, чуено и разбрано.

391. Залудно влегуаш длабоко во плитко.

392. Ја си знам како ми је и нема никој да узнај.

393. За никаде си чим не знајш кај си.

394. Живуркањето је исто како чекање умирачка.

395. Да си здрав дур` си жив.

396. Саде непорочна, искрена и безмерна љубов во длабока старост.

397. Се гледаш во огледало како шо сакаш да си, а то криво!

398. Многу било од мене, а малу се запаметило.

399. Секоја планина со своја немерлива тежина.

400. Мојта сенка зависи саде од сонцето.

401. Со прост чоек нема разбирачка.

402. Толку долго се прајш наудрен, шо веќе нема кој мисли дека не си.

403. Многу не је ко шо треба да биди, та сè појќе мислат оти вака ни било пишано.

404. -Шо треба да сработам за однапред?
-За однапред не трчај ко прле пред магаре.

405. Бадијала пробуаш да се снајдиш меѓу итри и будали арамии на власт, а да останиш при ум.

406. Ич да не се сакалдисуаш дали утре ќе биди исто ко денес. Је од вчера.

407. Полнота на живото наспроти живуркање ко долго умирање.

408. Ни во дивина ни во питомина не се живеј саде сам со себе и за себе.

409. Непријатело најсетне се поразуа сам себеси.

410. Дамна било кога многу си љубел и многу те љубеле?! Се лажиш. Никоаш не било!

411. За никаде се сите кои му веруаат на партиски предводник кој не гледа од носо подалеку.

412. Како да речиш? Како шо мислиш.

413. Од глаи шо ни се качиле на глаи си патиме.

414. Му помагаш на неблагодарник, а он се дума како да му станиш слуга покорен.

415. Секакви никаквеци на грбо на народо. Поготово властољубни.

416. Си го дал газо под кирија на партија, па станал успешен бизнисмен.

417. Никој не ти ја дал слободата за да можи да ти ја одземи кога ќе посака.

418. Било шо да не можи да биди пак.

419. Весело срце игриво ем певливо.

420. Посакуам да бидеме заедно уште еднаш неповторливо.

421. Се среле на крстопат Некој и Некој, па си избрале заеднички пат без цел.

422. Шо и да се случи, нек` се памети ко случено.

423. Ни минат дни и ноќи нам, далечни ем блиски.

424. Гледам, слушам и сè помалу на живот со блиски се надеам.

425. Сè наше, о љубов, за секој во љубов, убајни и радуања.

426. Секиден неубај работи појќе од убај.

427. Ќе отидам во неврат спокоен оти сум создал нешто сосе мое време на живот.

428. Голтари и арамии политикантски испокрадоа и распродадоа со векој создаано од народо. И од денес и од за утре.

429. Богами, ќе го кркате стапо народен.

430. Не је жив ако не излажи. Баш вчера едвај остана жив меѓу две лажги.

431. Не се разбираме можеби зато што не си на мои години.

432. Чекајќи не дочека.

433. Е стварно си мивка од чоек чим со тебе им го бришиш подо на партиските големци.

434. Поулавел трупајќи лично богаство за ништо.

435. Криво насадено криво пораснуа.

436. Не учиме како да живејме во заедница, а ако сме знаеле некоаш нè натерале да зборајме.

437. Џабе кроиш и џабе шиеш кога нема кој да ти го носи.

438. Врти-сучи, сите се исти, сите исто и сите на исто.

439. Едно је да си тврдоглав, а друго да имаш непорекливо гледиште.

440. Од бистар ум остроумност и длабокоумност.

441. Не је ко шо замисли оти ќе биди, ама совреме не крена раце и не пропадна прекуноќ.

442. Секои со свои гледишта и нема потреба да се надмудруаме.

443. Си се подгрбајл од грижи потешки од планина.

444. Браво, со достојание и доследност успеа да надживееш чоек шо знаеше да живеј.

445. Достатно од скромност и задоволство.

446. Искачуаш последни скалила од скалата меѓу сон и јава.

447. Поарно не споредуај држава со сите нишани и држава со која владеат мафијашки партии. Можи да се разочараш.

448. Во права љубов нема ништо за допраање и попраање.

449. Ни за на село си ни за во град. Којзнај дал` и дивина би те прифатила со твојо простаклак и безличие.

450. Нема да стигнеш далеку бесцелно.

451. Не си можел ни да замислиш оти ќе доживејш да им ја најдиш мерата на оние шо те сопињаа на секој чекор.

452. На крајо почна крајо без крај во ништо.

НАРОДСКИ ИЗРЕКИ VII