Народски изреки VI, 650-860

Потребно време за читање: 9 минути

650. Веќе не дуваат ветрој на промени. Дуваат лути ветрој на уривање и ништење.

651. Ја си зборам, а ти уште не учиш да слушаш.

652. До крајо и по него.

653. Денеска вака, а ќе видиме како од денес.

654. Имаш од мене во секое време. И не ми треба фала за то.

655. Сè је и ништо не је политика при ум и разум.

656. Со крст и со чесност на чело.

657. Треба многу да се напрај и да се прај за на чоек да му је бар близу до мерата.

658. Нигде не се он и она без нив во љубов.

659. Кој како, а мнозина секако за никако.

660. Срцем в`лци предводат стада овци.

661. Ме следиш скрито, а не знам оти така.

662. Те плаши мојта слобода?! Зар си немаш своја?

663. Гледам и слушам шо прајте. Трпеливо чекам за да го напрајте главното-да го заприте ништењето на народо и државата.

664. Чоек веќе не издржуа ни да ве гледа ни да ве слуша, мивки политикантски.

665. Навалиле да нè ништат, а ние никако да си фатиме наш пат.

666. Искубани до гола кожа не се китат, туку се покриваат со туѓо перје.

667. Не ти помагам оти не те бидуа.

668. Сега ќутам за љубовта.

669. Лесно ти је тебе со твојте зад тебе.

670. За никаде си, та ни за твојте не си.

671. А бе ти не заслужуаш ни да ме сретиш, камо ли да се сретниме.

672. Секој сам кон негде како кон нигде.

673. По многу време пак заедно на почеток.

674. Се задумал чоек за својто вчера шо му је исто ко денес.

675. Не си ни за гледање на кое дереџе си се донел.

676. Си влегол во свето на самозалажаните и никако не можиш да излезиш од него.

677. Колку си за народо, толку ќе те есапат за народен.

678. Развева ветар на сите страни коски на наши претци.

679. Кај да се сокриеш со азно од народо украдено, кога-тогај ќе те изеј мрачината.

680. Слободата на љубовта никој не можи да ѝ ја одземи.

681. Тага ти ја налегнала староста, та веќе не ти се живеј.

682. На крајо би почнал сè одново, ама немаш ни сила ни смисла за то.

683. Народо те гледа, те слуша и веќе не се крсти оти  знај чија маша си.

684. Кој со кого, ти дамна за никого.

685. Ја си кажуам шо мислам и мислам оти је то доста од мене. А и не ми се бара друго.

686. Секоаш сум бил, сум и ќе бидам со оние шо туркаат напред.

687. Ја ограничуа слободата на твојо збор за сам да му ја ограничуаш.

688. Пробуаш да ги стајш во ред, а они одамна наредени.

689. Остај шо било. Дај прво да сториме шо треба за да нè биди пак.

690. Остај тесно скроено, па крпено. Прекрој го али скрој и соши ново по твоја мера.

691. Во очи ти ја припознаам љубовта.

692. Си го отпеал своето и сега пеј си на себеси.

693. Нерадо зборам за себе. Радо за мојто дело.

694. Не се заебавајте со пензионерите! Тие се пресудно гласачко тело!

695. Шо је заедничко за убајната и грдотијата? Обете не се за криејње.

696. Не је добро? Можи да не је, ама секоаш има бетер.

697. Престанете да му ги тенчите нервите на народо. Тешко вам ако му се скинат.

698. -Зар ја сум кадросаниов?!
-Не си, туку беше.

699. Ништо не је тешко сè дури се сака.

700. Не треба да се најди јунак. Треба да го најдиме али да нè најди.

701. Смелост здраворазумска.

702. Допрва многу, ако досега и сега доста.

703. Трпението је моќно оружје во борба чоечка.

704. Ич да не ги есапиш лицемерите. Тие се злосни и саде за зло.

705. Знам кој си и каков си. Прибидејќи за мене не си, остани со здравје.

706. Од шо имаш многу да кажиш, не престануаш да збориш.

707. Поарно је да се плаќаш одошто да те плаќаат. А прифаќаш да те плаќаат оти не знајш али не умејш да се плаќаш.

708. Ведроста на духо је за мирна и лесна живеачка.

709. Ако је сè предвидено и однапред спремно, сè ќе оди ко подмачкано.

710. Љубовта се буди, трепери, па стануа бранлива.

711. По добра ноќ надежен ден.

712. Сегде во право време со лујѓе слободни ем слободоумни.

713. Он стој зад тебе, а ти се прикажуа ко да је со тебе.

714. Кога је сè изместено, прва задача ти је да стајш сè наместо.

715. Батали работа шо те измачуа до премалуање.

716. Старост шо се радуа је поубаа од младост.

717. Не си она шо те мислев, па џабе се трудиш да бидиш со мене.

718. Штетнико не мируа дур` некому не му наштети некако.

719. Мани ми се од пато да не морам да скршнам од него.

720. Шо си зел здраво за готово не је ни здраво ни готово.

721. Во два-три збора ти ја кажав љубовта пред чија убајна занемев.

722. Не му излегуј на мегдан на слуга покорен. Ќе те кутни наземи, па појќе нема да станиш и ќе те понизи.

723. Да се најдиме на крстопат и да решиме дали ќе продолжиме по моја али по твојо пат.

724. МОИ НАРОДСКИ ИЗРЕКИ ЗА ГЛАДОТ

725. Ни делник ни празник во глад.

726. Гладоста и жедоста заедно навалуаат на чоек во неола.

727. Гладни петли не се качуаат на буниште за да будат кокошки.

728. Гладен нито игра, нито пеј за корка лебец и троа сол.

729. При глад последна сила жизнена.

730. Гладот обично го придружуа жедост.

731. Глад и жед наспоредни со трпеж и крпеж.

732. Гладен со малу брзо се заситуа.

733. Од глад бестрашие.

734. Од гладост чоек ослепуа.

735. Сит не му веруа на гладен оти не знај шо је то гладуање.

736. И со корени можи да се угаси глад.

737. Ни умност ни итрина од гладен.

738. Гладен и сит далеку еден од друг во беспатје.

739. Чоек шо не знај за наситка не припознаа гладен.

740. Гладен не веруа никому, нито некому му се надеа.

741. Гладот премалуа снага за никоаш појќе да не закрепни.

742. На гладен исто му се ваќа дал` је ден али ноќ.

743. Гладоста не иди од богаство, ами од сиромашија.

744. Гладна птица не лета, ами сита.

745. На гладен итрината појќе од шо било му помага.

746. Гладоста меѓу лујѓе се разделуа еднакво. Ситоста не се разделуа.

747. Гладен фала ќе ти речи и за корка сув лебец.

748. Гладот и сиромашијата се на исто.

749. Едно је да ловиш гладен, а сосем друго сит.

750. Гладнио не знај за богаство.

751. Едни се прејадуаат, друзи се сѐ погладни.

752. Еден леб јади богат, а друг сиромав.

753. Не бркај гладен пред твојо праг. Нарани го, па он ќе си го продолжи пато.

754. Гладен ни на туѓа свирка не заигруа.

755. За мир в куќи никој гладен.

756. Гладот разболуа до смрт.

757. Нарани го гладнио и он ем ќе ти веруа ем ќе ти биди верен.

758. Бегаш, а знајш оти нема да избегаш. Исто ти је и со криејњето.

759. Молчи од шо не знај како да одгоори.

760. Продаени бездушни за проклети пари.

761. Има во живото многу бесценети нешта. На пример непорочната љубов, добрината, искреноста, чесноста, довербата.

762. Еден комшија гледа комшија напоречки преку плот. Ко да можи без комшија.

763. Не се дели иста судбина прибидејќи нема таква.

764. Само да не дојди до тепачка за капка вода.

765. Да си немаш никаква работа со непријател кој од страв да не го снема прај сè за да те снема.

766. Мојта права љубов никоаш не сум ја остајл зад себе.

767. Ако не ни чини денес, сигурно не ни чинело вчера, нито ќе ни чини утре.

768. Нè ништи невремево пратено од којзнај кого и од којзнај каде.

769. Валкани и злосторни раце ништо не ги мие.

770. Натурена власт за сотирање на народ и негоа држава. Со слугуање на туѓин и безочни крадби.

771. За политика треба ука сосе опитност.

772. Од некој нешто дури бев, од никој ништо дури сум.

773. Нема шо појќе да бараш од оној шо се плаши од тебе оти постоиш.

774. На почетоко лесно, на крајо неизвесно.

775. Нема запир дур` је чоек на нозе.

776. Богаташо се препраа во скромен за совреме да не му ја припознаат алчноста.

777. Во љубовта секоаш со љубов дур` је љубов.

778. Обична секидневност на чоек кого минливоста ич не го оптоваруа.

779. Видни лујѓе не се за лујѓе ослепени од зависливост.

780. Нешто не је ко шо треба да биди чим ука се заменуа со политика. Ни уката била ука ни политиката ќе биди политика.

781. -Оти така лујѓе?
-Оти доста вака!

782. Никоаш ништо за ништо.

783. Има зато за шо не се прашуа оти.

784. Во отруена земја семка не никнуа.

785. Пробуа чоек дури не му се погоди. После погоденото му је во опит.

786. Зборо је да го кажиш и да не го заборајш.

787. Извади ја болката од себеси со лелек и плач. За да не ти го секни животецо.

788. Без вода ни се живеј ни се умира, ами долго се венеј.

789. Се памети и љубов шо не остајла ништо за спомен.

790. Меѓу веруање и неверуање-рамнодушие.

791. Џабе ти је шо се трудиш од непријател да напрајш пријател. Џабе не станал непријател.

792. Ич не је убоо да бидиш меѓу многу и малу.

793. Не брани го она шо не је за бранејње.

794. Послушај го оној шо знај и умеј. За и ти да знајш и умејш.

795. Оди, оди, па не оди. Зато шо се чинело оти оди.

796. Најлесно и најевтино го продааш она што не је твое. Ко властодржец.

797. Сè издржуа чоек. Шо је чоек.

798. Стемнето ти је пред очи, а жештина, а сушина.

799. Саде за простако и незналецо ништо не је просто, нито можи да биди.

800. Убајна на љубов:
Лице бело и црвено, тело стројно и благородно.

801. Итар со итар се надмудруа?! Е како да не! Можи итар со будала.

802. Ќе те изеј твојат омраза.

803. Значи, не те бидуа за доктор, па си станал политичар. Нито ука, нито политика од тебе.

804. Да не се лажиме!
Кај нас политиката на крајо се сведуа на лично богатење.

805. Гола борба за власт али борба за гола власт!?

806. На чело со тебе сè течи дури не истечи.

807. Вака ќе ни биди сè дури се на власт партии, а не човеци.

808. Со предавнико си чим сега и одма не го затвораш во зандана, а му дозволуаш ко прч да се шета дома и надвор.

809. Никој не ми је крив дека ми је ко шо ми је, ама ни ја не сум си крив. Ни оти сум жив ем ептен животворен.

810. И пак истопорени пред нас за наш глас партиски послушници, подлизурковци, лакташи и коленичари. Пусти пари и моќ.

811. Има меѓу политикантиве на власт и во опозиција понекој политичар?
Има! Како можи да нема?! Ептен паѓа во очи.

812. Арно ми је? Не ми је ко шо треба да ми је, ама то је чим поарно не можи да ми је.

813. Во културата и творењето треба да се помагаат со пари творци, а не бизнисмени.

814. Знам мнозина наречиполитичари кои во мое време беа уличари. Во меѓувреме политиката не ги напрајла инакви.

815. Пак нè убедуаат оти треба да гледаме низ розови окаљки.

816. Секој збори без престан и без да премини од збор на дело, сè дури не се избери кој да го има последнио збор.

817. Со кого сум ја? Ја сум најмногу сам со себеси.

818. Со проблем дома не се решава проблем надвор.

819. По жештина и суша громој?! Чии? Какви?

820. Народо ви вели не, ама вие не го слушате. Оти сте однародени.

821. Не се поднесуаме оти не сакаме да се разбериме.

822. Љубов и сега ко дамна.

823. Повторена грешка-ненаучена.

824. МОИ НАРОДСКИ ИЗРЕКИ ЗА ВИСТИНАТА И ВИСТИНОЉУБИЕТО

825. Вистината најдолго и најмачно се бори со оние шо веруаат појќе во лажгата.

826. Лагата чувај си ја за во себе, никако да излези од тебе и да влези во друзи.

827. Стварноста не се лажи, а на заумноста ѝ е сѐ исто колку је лажна, а колку вистинита.

828. Вистинољубивите го разведруаат и осончуаат живото.

829. Вистината је лута за оној шо го блажи лажгата.

830. Вистината го повредуа оној шо се страши и бега од неа, а лажгата отвора рани неизлечиви.

831. Вистинољубивите се на виделина од едно до друго изгрејсонце.

832. Извади ја вистината на чистина и бори се со неа против лажгата.

833. Некој кажал истина при лажги, па је пишман оти го пати непатеното.

834. Господ је секоаш со вистинољубивите.

835. За истина се гини јуначки.

836. На лажливецо му је најтешко да ја поднеси вистината.

837. Вистината излегуа на виделина и во време и во невреме.

838. Истината стално ја сотира лагата, а никако сосем да ја сотре.

839. Се сони вистина меѓу многу лажги.

840. Вистината је шо је, а лагата то не је никоаш.

841. Совеста не ја трпи лагата, па ја испадуа од себеси најдалеку шо можи.

842. Убајната на вистината секој ја сака, а грдоста на лажгата никој не ја поднесуа.

843. Зборојте на истината се секоаш наместо.

844. На вистината ѝ прилега секаква облека.

845. Ако не се открие совреме, вистината ја изедуа `рѓа.

846. Вистината се открива бавно и мачно. Оти је покриена со многу пластој лаги.

847. Никому да не му го докажуаш она шо на сите им је очигледно.

848. Во битка лагата ја рануа истината, ама на крајо истината победуа.

849. Заошто да ти веруам дека ми ја кажуаш вистината? Докажи ми ја!

850. Како шо светлината не бидуа без сенка, исто така вистината не можи меѓу тајни.

851. Вистината никоаш нито се купуа, нито се продаа.

852. Секоаш да ја кажуате вистина в очи. Без оглед шо некого секако ќе го ослепи и ќе го нареди меѓу ослепени од лага.

853. Кој живеј со вистината, живеј долго.

854. Најжално је кога истината ја закопуаат длабоко за да не можи да се откопа.

855. Има многу мали вистини кои праат една, едина. и најголема.

856. Кој ја љуби истината, не можи да не успеј против лажгата.

857. Вистината ви ја велам со мој зборој шо лесно се разбираат.

858. Вечна је борбата на вистината против лагата.

859. Највистинит си кога се припознааш себеси.

860. Вистината је и за живи и за мртви.

НАРОДСКИ ИЗРЕКИ VI