447. Ме познаваа некоаш, но веќе дамна не.
448. Создаање мое дејствуање.
449. Од слушање сенешто не ми се дослушуа.
450. Замисли да ме нема, а ти да не знајш.
451. Дај си задаток и изврши си го асолно ем совреме.
452. Чоеко је наш, народен, и зато си го послушуаме.
453. Мачно ми је дури почнам, ама после ми оди ко подмачкано.
454. Заошто некоаш пак кажуам шо сум кажал? Едно оти се случуа од мое забораање, а друго зато шо али се заборајло али не се заумило.
455. Пука глаата и од многу и од големи гајлиња.
456. Власта је за умни и опитни луѓе на кои достојноста и пристојнио живот на народо им је пред се друго.
457. Мора секоаш да имаш време за времето на ближниот свој.
458. Заборајле шо си создал и напрајл, откога не си им во вдокруго.
459. Не постоиш за оние на кои не им требаш.
460. Шо оти те мислам кога не ме паметиш?
461. Си се ватил за власт ко пијан за стап.
462. По трага ќе ме припознајш.
463. Мора да се пресечи работава. Ко јазол со ме.
464. Ја го знам чарето за како да биди утре, ама никој не ми го бара.
465. Умирачката не ти бега. Ти бега живото.
466. Се совреме, се наместо, та сега чекор пред друзи.
467. Речи како ќе речиш, само да не остани од тебе недоречено.
468. Те замелуши една убајна, шо ко никоаш досега не знајш за себеси.
469. Не се замешуам во луѓе собрани на крстопат пред беспатје.
470. Признај го поразо и почни да се победуаш, па да победуаш.
471. Ми остануа да постојам во мојто дело.
472. И духом и телом јак ем грамаден.
473. Нема аир од тебе ако не учиш работејќи.
474. Во староста најголема тежест имаат самоста и молчанието.
475. Понекогаш ме заболуа тоа шо сум ко да не постојам.
476. Им тежи грешењето на оние шо ми грешеле и ми грешат? А како ја да им го олеснам?!
477. Чесноста обзнануа најчиста истина.
478. Се поголема празнотија во катаден исто.
479. Во циркускава арена и околу неа саде кловн до кловн.
480. Го пизмат оти ем не је ко нив ем не је со ними.
481. Ја во живото мој независно политичен немам ни видено ни чуено толку плачки за власт од досегашни властодршци.
482. На досегашните апашишта и политиканти на власт управо од апсаана им се гледа на лицата од најдалеку.
483. И на плаќачите најсетне им се одмилија платеничките предавници на народо?! Па то је просто да се крсти чоек со две раце!
484. Не разбирате али неќите да разберите оти народо појќе не ве сака и точка.
485. Со лопата да ги риниш апашиштата шо беа на власт како до сега, па да ги врлаш на политичко ем политикантско бунишче.
486. Секогаш понапред од друзи во мое време.
487. Мудрио и итрио нигде не се заедно.
488. Толку сме далеку еден од друг, шо почнавме да се заборааме.
489. На свој врв си кога те нема нигде за сите зад тебе, а те има сегде за секој со тебе.
490. Горејќи по тебе, пепел се сторив.
491. Најсетне народо ве тресна одземи обессилени.
492. Саде гнило семе од вас.
493. Дарбата ми је од Бога дарена за да си создаам свој свет.
494. Нема чоек на свето кој цел живот знај заошто живеј.
495. Саде ред и се наредено за се да биди со ред.
496. Умно је лошотилако да се извај на виделина совреме. За со добрини да се проживеј веко.
497. Зборуа сам со себе ко да је изветреан.
498. Не збори ако нема кој да слуша али збори си гласно кога нема никој да те слушни.
499. Како идат годињето, така не натежнуа времето.
500. Растурија и испоганија се од други напраено, чисто и убоо. Се докажаа ко простаци, неразбрани, токмаци, пакосни, неранимајковци, подлизурковци и апашишта.
501. Се појќе болештини при кои живото не значи баш ништо.
502. Силен си, чоеку, кога упорно грабиш напред без никаков повод или причина.
503. Несетно и тивко исчезнува оној шо живеел сам меѓу луѓе.
504. Нема ни зошто ни уште до кога ќе создаам дела при создаени неброени.
505. Ја сум веќе убеден оти нема ниеднаш да се сретнеме во наше време од нашио живот.
506. Во старечки години чоек је многу поспокоен и порамнодушен одошто радосен и надежен.
507. Ич не ме бендисуа играта на судбината. Затоа шо је во најголема мера измамничка.
508. Се прашуаш дал сум уште жив? Па шо и да сум?!
509. Престани да раскажуаш прикаски за мали деца. И на малите деца веќе им боктиса со ними.
510. Тој шо збори оти си нема друга работа, не треба да биди платен за зборење.
511. Она шо вреди само ќе се објави. Може и кога-тогај.
512. Го кренал носо до небо, а небото облачно.
513. Ај не биди смешен со тие твои будалаштини!
514. Овој је опасен. Тера ни по баби ни по стрикој, а саде по партиски клучеј.
515. Со години му беа натурени на народо на власт, а не научија оти на такви он најсетне мамичето им го расплакуа.
516. Треба да ти се признај се шо си сторил добро. Поготово ако си го сторил со судни маки. Но, и да бидеш ем суден ем да ти се наплати за се шо си сторил лошо.
517. Се шо је тешко можи да се олесни. Ако се знај како.
518. Заслепен од многу црни деној минати, којзнај дал ќе видам бел ден.
519. Се од мене за други је секогаш на виделина.
520. Проблем си ти шо уште не си влегол во сржта на проблемо.
521. Тебе ти је мака оти губиш, а не шо си изгубил.
522. Да, од мене колку шо ми сечи умо. Ама ми сечи.
523. Непријатели на народо секоаш појќе од пријатели. Тоа иди од интересо кој, пак, ич не се врзуа за прави пријатели.
524. Од дамнина па досега нигде ја и ти.
525. Ако си го туркаш животецо, он брго ќе те дотурка на крајо.
526. Се познааме ко да не се познааме, а не сакаме да се запознајме.
527. Чоек ништо не создаа за ништо.
528. Бадијала се мачиш да му се докажеш на оној шо не знај за мака.
529. Само нешто да не се измести во редо за се да ни биди на ред. Ако се измести, ете го нередо.
530. Не прашуј го оној шо ем бега од одгоори ем не прашуа.
531. Не можи на сите да им биди исто добро. Исто ко шо не смеј на сите да им биди од лошо полошо.
532. Ај доста се лажеме меѓусебно. Зар не гледате и не разбирате оти лажгите ни стануаат вистини?