НАРОДСКИ ИЗРЕКИ II, 1-23

Потребно време за читање: 2 минути

1. Богатио го плаќа сиромајо колку шо можи помалце. Инаку не би бил богат.

2. Веруај си на себеси ако сакаш да ти веруаат.

3. Секој на власт мора да знај оти чоек не оди на печал во туѓина јабана од шо му је убоо дома, ами од шо сака да живеј чоечки.

4. Туѓинецо не ти помага од шо те сака. Саде од шо можи да те искористи и да земи од твоето колку шо можи.

5. Лицем в`лци меѓу овци.

6. Силен си на зборо ако си стојш на збор.

7. Од мене речено-сторено, од тебе лажано-прелажано.

8. Да си знајте, туѓински измеќари и апашишта,
Народо брго ќе ви го најди крајо и мамичето ќе ви го расплачи!

9. Мрак ќе ве изеј, виделина по зло ќе ве памти.

10. Многу лажовни убајни ни го огрдуаат животецо.

11. До толку се извишил, шо да не можи никој ни да му се приближи.

Прочитај и за ... >>  ПРОБЛЕСОК ВО МИСЛАТА

12. Мора да ги родиле блудни мајки чим се здале да се закачат на цицка на блудницана вавилонска.

13. Има негде пари за без пари? А бе ај!

14. Сте си ги дале газојте под кирија, а не ви даваат ни скршена пара. Уште ги прашате шо треба уште да им дајте!

15. Спасуајте ги глајте од вашите апашки глаучи, чесни партиски измеќари. Дури имате време за спасуање.

16. Те заглаија на власт, ќари шо ќари, па сега сакаш да се одглајш. Ама не можиш оти не си го довршил урнисуањето.

17. Чоек не можи секоаш со секој. Можи секоаш со рамен на себеси.

18. Кај народо никако не смеј да проаѓа од власта:
Ќути, прај и трај.

19. Ако је од памтивек кој кради, тој лажи, како власта апла лажи, а се прај ко да нито крадела досега, нито кради сега?!

20. Ме плаши то шо едно се кажуа, а се прај друго дамна смислено за крај.

Прочитај и за ... >>  СВОЕВИДНА ЖИЗНЕНОСТ, минијатурни ескизи

21. Местенките од стратешките партнери се смислени, само треба да дојди правото време за праење.

22. Со паметни и мудри не можи да се владеј, та зато не смеј да им се дај власт в раце.

23. Дури има овци, ќе има и овчари и овчарски пци.