Правењето портфолио што ќе ви ја донесе саканата добивка при инвестирањето бара што попрецизно и потемелно осмислување на квалитетна инвестициона политика.
Во тоа грешките се за жал чести, а за да ги избегнете дознајте кои пропусти се најчести.
Немојте да вложувате без дефинирање на основните правила
Пред да инвестирате и еден денар, морате да ја дефинирате својата толеранција на ризикот, целта на вложувањето и временскиот хоризонт.
Временскиот хоризонт го одредува времето што е потребно за да дојдете до вашата цел, а толеранцијата на ризикот може и тоа како да ја дефинира класата на имотот или индустријата во која сакате да инвестирате. Доколку не го дефинирате ова, како основни правила на вложување, ќе ви биде многу тешко, ако не и невозможно да изградите портфолио што ќе ви ги даде саканите резултати.
Немојте одговорноста да ја префрлувате на некој друг
Парите што ги вложувате се ваши, како и имотот односно акциите, заштедата. Никој освен вас не треба да одлучува за тоа кога би требало да купите или продадете акции, односно кога би требало да ставите пари на штедење или да ги вложите во фонд. Доколку премногу се потпрете на други луѓе, секогаш ризикувате да ги изгубите парите, дури и кога не морате.
Немојте да бидете каприциозни
Тоа може да ве доведе во неприлики. Големи се шансите вложувањето во акции кои донесуваат многу пари да може да донесе и голема загуба и пред да дознаете за тоа.
Немојте да бидете небрежни спрема своите инвестиции
Ако не го проверувате вашето портфолио редовно (годишно, три пати годишно или месечно), можете да завршите со поинаква вредност на своите инвестиции од онаа што сте ја замислиле.
Немојте да губите пари
Опоравувањето од неуспешно инвестирање може да потрае со години, затоа не го игнорирајте штедењето или оние инструменти на инвестирање кои донесуваат помала добивка, но ви даваат далеку поголема сигурност на инвестирањето.
Немојте да се концентрирате на една класа имот
Освен ако немате посебно одредена инвестициона цел, диверсификацијата (распоредувањето) на вложувањето е клуч на изградбата на успешно портфолио. Вложувањето во различни класи имот (штедење, акции, пензиски фонд) го намалува ризикот од преголеми загуби. Причината е едноставна- ако на една инвестиција губите, ќе заработувате на друга.
Немоје сите пари да ги вложите во една индустрија
Слично како и за потребата од правилна диверсификација преку класи на имот, морате да се погрижите вашите сопственички вложувања да претставуваат широко парче на берзата. Многумина вложувачи прават грешка со преголема нагласка на своето портфолио на мошне видливи сектори. Без оглед што изложеноста на тие индустрии е подобна, морате да имате изложеност на сите индустрии. Вложувањето во индексирани ETF или производи е еден од начините да ја обезбедите оваа разновидност во своето портфолио, но морате да направите разлика помеѓу активното и пасивното вложување.
Немојте да вложувате долгорочно во акции со „добра приказна“
Една од најчестите грешки што ја прават инвеститорите е долгорочно да вложуваат во акции на претпријатија чиј раст се очекува врз основа на „приказна“. На пример, ако некое претпријатие најавува нов производ или инвестиции, таа приказна може да ја поттурне цената на акциите во краток период. Меѓутоа, погрешно е да се мисли дека само врз основа на „приказна“ цената долгорочно ќе расте. За вас би било најдобро да ја проследите приказната и да ја затворите позицијата (односно да ја продадете акцијата) доколку не дојде до реализација на најавените планови.