НА МОИ ГОДИНИ, стихозбирка

Потребно време за читање: < 1 минута

4. Разбирам

Разбирам дека
од што изврвевме
многу врвици
сега не догледуваме
ниедна нова.

Или нема ниедна
за нас
или има една,
пред нозе ни е,
но во меѓувреме
ја покриле трње
и плевели.

Веќе сме преуморни,
веќе сме во години,
веќе долго стоиме
в место,
а виделинава пред очи
што се распослала
како сè побрзо
мрачина да ја збира
во себе.

Не грижи се за мене
како одовде јас сам,
без тебе, без никој;
ќе седнам на стенава
и ќе чекам да наиде
некој што ги разбира
моиве години
исто како јас:
сè посамотни,
сè поневажни,
бесцелно нижани.

Да, да, разбирам јас
дека отсега одовде
е неминовно секогаш
одново да заодувам
како сè уште нероден
ем бессонен.

Leave the first comment