НА МОИ ГОДИНИ, Средишни песни, стихозбирка

Потребно време за читање: < 1 минута

32. Срдитост

Не, но според тебе
треба
толку упорито кршење
на стена
со постојана сенка
што секогаш прибира
бездомни и бесцелни
откорнатици
за да повратат сила,
па да продолжат
до смисла
на личен опстој.

А се разбира дека
стената не случајно
ја поставил
баш каква што е
на раб на беспатје
творец слободоумен,
самобитен,
во светот знаен.

Секако ќе го издржи
и ова упорито кршење
стенава;
можеби баш дека
има сенка постојана.

Како дел од целоста
на идентитетот.

Leave the first comment