НА МОИ ГОДИНИ, Средишни песни, стихозбирка

Потребно време за читање: < 1 минута

31. Согледба

Се менуваат светови
со свои времиња,
а јас тешко и мачно
се менувам заедно
со нив;
дека се скаменувам
на ветер, на сонце,
меѓу облаци, молњи,
со живо срце
и мразнини в коски.

Ту сум со нив,
па без нив,
ту се близу,
па во мене,
ту предалеку за мене,
веќе недостижни.

Не оставам
моја трага во нив
зашто
јас сум малку нивен,
тие големи за мене.
Зошто би?

Само неодгатлив знак
на моја постојаност
во збор неугаслив.

Конечно ја согледав
сушноста на мојата
животворност:
таа е за вкоренување
меѓу земја и небо.

Leave the first comment