29. Распалена убост
Зошто се распали
пред мои очи
оваа убост незнајна?!
Не ми одговори
зашто за неа одамна
ми минало времето.
Ама зошто
се распали баш
пред мене?!
Рече случајно сум
се нашол пред неа,
па е добро за мене
да не се обидувам
да ја замислам знајна.
В ред, се согласив,
ама ја предупредив
да внимава напред
оти нечија
неверна игра
може
несетно да ја стивне.
Да не ѝ дозволи
да ја исчезне.