35. Уште на нозе
Уште сум на нозе
одвај
за чекор поблизу
до мојата дома.
Конечно ја догледав,
што значи небрежно
овој пат премногу
сум се оддалечил
од неа.
Другпат
нема ни да помислам
да следам
од утрина до квечер
сончев зрак
кој не знам како
надежно ме залажа
дека ќе стасаме
заедно на нов извор
на љубови.
Ќе сум на нозе
докрај,
па да ми е последно
прибирање во неа
каков што сум.
Дека пишано било
да згаснеме заедно
јас и огнот во мене.