НА МОИ ГОДИНИ, Почетни песни, стихозбирка

Потребно време за читање: < 1 минута

14. Мигови

На мои години
почетни мигови
испеани, воспеани;
не за паметење,
не за заборавање,
ами за постоење,
за траење
уште некое време
по исчезнување.

Можеби
како последни
издиви
без исчекувања,
без очекувања,
без иненадности.

Треба да се има
секогаш предвид
кога е бран
во крвта крвав,
во срцето срце.

И дека некогаш
не знам како
да ги почнам,
а знам до кога
да ги продолжам
за да не останат
само почетни.

Leave the first comment