Мисла-Мислење-Размислување-Промислување-Расудување

Потребно време за читање: < 1 минута

Само мислата го продолжува постоењето и опстојвањето на човекот. Таа го прави човекот човек во вистинска смисла на зборот, во сета негова големина. Останува тоа и кога ќе го нема, кога ќе стаса на крајот.

Мислењето-размислувањето-промислувањето-расудувањето на нештата е важно особено во решавачки и решителни моменти, кога ризикот мора да се сведе на најмала можна мера. Мислиш, размислуваш промислуваш, расудуваш па решаваш, па преземаш, па дејствуваш.

Мислата е добро да е од умност и длабокоумност, од искуство и поука. Таквата е за паметење, особено кога е дотогаш неречена или незапишана. Или, пак, е слична од друг, од други, но секако не иста.

ТИВКИ КЛОКОТИ, рефлексивни искази, 81