fbpx

Ми иде

Некогаш
би рекол секогаш
во последно време
ми иде
да стојам во место
сè додека времиња
се менуваат
како да се во свои
без мои мигови
што значи дека
е доста
што сум уште
исправен
пред собитија
кои немаат крај
без свои почетоци

ми иде да заиграм
со мои зборови
сè уште толку
заедно слободни
што не е потребна
интерпункција
меѓу нив

ми иде
дури ми идеш.

ДУРИ ИГРААТ ЗБОРОВИ, Сосем слободни песни, стихозбирка, 8

За авторот: Љупчо Димитровски

Долгогодишен радио и ТВ новинар, писател и медиумски уредник со повеќе од 40 години искуство во електронските медиуми. Автор е на над 150 книги и основач на порталот Panoptikum.mk, како продолжение на култната емисија „Паноптикум“, со силен фокус на комуникација и новинарство.

За повеќе написи од авторот кликни тука.