Мамето

Виц-блиц

Цанко и Цанка се забрачуваат и првата брачна ноќ ја минуваат во неговиот стан во кула, на 9-ти кат, купен за среќен брак. Се „вртат“, се „мотаат“, не им „оди“ баш, особено на Цанко. По едно ниедно време Цанко се откажува, врти грб, а таа:

-Сега мамето мое малку би ме погалило, па би ми зборело нагалено, па ова, па она…

Цанко:

-А колку е сега часот?

Цанка:

-Два ипол.

Цанко:

-Знаеш, во два ипол не би одел кај твоето маме и кога би живеелo во приземје!

За авторот: Љупчо Димитровски

Долгогодишен радио и ТВ новинар, писател и медиумски уредник со повеќе од 40 години искуство во електронските медиуми. Автор е на над 150 книги и основач на порталот Panoptikum.mk, како продолжение на култната емисија „Паноптикум“, со силен фокус на комуникација и новинарство.

За повеќе написи од авторот кликни тука.