Едно истражување од страна на компанијата „Harris Interactive“ го урна митот дека за успешна врска е потребна само љубов. Истражувањето собра повеќе од 1.000 жени и мажи за да се одговори на прашањето всушност колку физичката привлечност е битна во врските на долги патеки.
На испитаниците им биле поставени прашања кои на сите нам ни минуваат низ мислите, но ретко гласно ги поставуваме: „Колку сте задоволни со изгледот на партнерот?“ и „Што мислите, колку е партнерот задоволен со вашиот изглед?“
Задоволството во врската е тешко да се одржи
Потоа се фокусирале на прашањето дали луѓето би биле посреќни кога нивните партнери би посветувале повеќе внимание на сопствениот изглед и која физичка ставка им е најбитна. Резултатите се мошне интересни.
Задоволството во врската е тешко да се задржи. Без сомнение, среќата на парот во многу зависи од нивната емотивна поврзаност. Меѓутоа, тоа е денес далеку од доволно за врската да се одржи. Со оглед на тоа дека животниот век на човекот е се подолг, идеалната врска помеѓудвајца луѓе би требало да трае 70-80 години, што е исклучително долг период дури и за оние најверните, најприврзаните и највљубените.
Некои социолози се прашуваат дали долговечните бракови се веќе минато, додека економистите, пак, на овој феномен гледаат од друга страна. Бракот некогаш претставувал институција со помош на која жените биле згрижувани материјално и што им овозможувал на децата да бидат одгледани од страна на обата родитела.
Но тоа веќе не е така, жените се повеќе се одлучуваат за самохрано мајчинство, често од причина што заработуваат доволно за да се издржуваат себе си и да ги издржуваат своите потомци, а мажот како поткрепа во финансиска смисла повеќе не им е потребен.
Колку е битен физичкиот изглед
Прашувајќи ги паровите во различни фази на врската што мислат за партнеровиот изглед, се воочува една битна ставка која ни говори колку всушност ја потценуваме важноста на физичкиот изглед. Истражувањето исто така ја нагласува разликата помеѓу паровите кои живеат заедно од 1-7 години, 8-14 години и 15-21 година, а исто така и разликата помеѓу машкиот и женскиот род.
78% од паровите сметаат дека физичкиот изглед е мошне битен, особено во првите 7 години од врската. Колку што луѓето се подолго во врска, емотивните фактори стануваат побитни. Добрата комуникација и заедничките интереси помагаат да се одржи меѓусебната привлечност дури и во случај изгледот да се променил.
Ова вреди и за обратна ситуација. Ако парот физички силно се привлекувал, а во меѓувреме во односот се вовлекле негативни емоции- физичката привлечност ќе исчезне.
Сосема очекувано, заклучено е дека на мажите физичкиот изглед им е многу побитен отколку што им е на жените. Кога проценуваат колку жената им е привлечна, 62% мажи најнапред ќе го гледаат лицето, додека 53% прво ќе го забележат телото.
Меѓутоа, ниту жените не заостануваат премногу зад овие резултати. 50% жени заклучиле дека лицето на мажот е најбитно, додека 39% сепак одлучиле телото да го стават на прво место.
За обата пола најважни фактори на привлечност се очите, кожата и усните.
Различноста на реакциите на стареењето на партнерот исто така е занимлива тема. Имено, мажите се позагрижени за знаците на стареење на лицето на своите партнерки, особено во првите 7 години од врската, но нивната загриженост со време слабее. 92% парови заклучиле дека нивните врски биле поздрави кога обајцата се чувствувале сигурно во врска со својот изглед.
52% жени и мажи изјавиле дека би сакале нивните партнери повеќе време да минуваат околу уредувањето на сопствениот изглед. Сметаат дека тоа многу би влијаело врз подобрувањето на квалитетот на односот.
Заклучок
Ова истражување ни покажа дека љубовта сепак не е слепа. Без сомнение, паровите би требало да работат на емотивната поврзаност, но исто толку внимание би требало да посветуваат на физичкиот изглед. Време е да го прифатиме фактот што го знаеме сите, но понекогаш не сакаме да го признаеме- изгледот е исто така мошне битен!
Но, дали нема факти и аргументи во ставот дека љубовта е навистина слепа? Има, и тоа научни!
Имено, хормоните имаат главна улога. Утврдено е дека со вљубувањето се зголемува активноста во оние делови на мозокот каде што се сместени рецепторите за хормонот окситоцин. Особено кај паровите кои се во среќен брак или врска додека ја посматраат партнеровата фотографија. Благодарение на овој хормон сексуално се возбудуваме, зашто неговото ниво расте. Тој исто така прави да имаме повеќе доверба во својот партнер, но наедно и ја јакне довербата помеѓу вљубените. Благодарение на окситоцинот, мошне лесно воспоставуваме поврзаност со лицето кое го сакаме.
Психолозите објаснуваат зошто љубовта често знае да биде „слепа“. Кога окситоцинот ќе јурне низ нашиот крвоток, тој во ист момент не принудува се да гледаме низ розови очила и да ја гледаме позитивноста во секој агол. Така што не е случајно кога за некој ќе прокоментираме дека е „слеп од љубов“. Лицето што е вљубено навистина е „слепо“ за маните на партнерот и го гледа само она најдоброто во него. Фазата на најголемо „слепило“ настапува во периодот на најсилна вљубеност во кој лицата се чувствуваат како ова искуство да не го доживеале никогаш порано и кога ќе посакаат секој момент да го минат со својот емотивен другар.
Во фазата на најинтензивна вљубеност се зголемува активноста во делот на мозокот задолжен за нашето прекрасно расположение и тогаш не сме во состојба да ја согледаме реалната ситуација, не сме во состојба да размислуваме како што треба, го гледаме само партнерот кој е во толкава мера совршен што се мери со убавината на божество.