Лета

Потребно време за читање: < 1 минута

Полетал совреме па лета
од еден во друг предел
од над небо до над земја.

Не е збор што лета
како да е слободен
ослободен од знаци
во букви и слогови
 во дамнина онемени.

Не престанува да лета
од небо кон земја осамен
значи дека нема друг и е
без никој свој заборавен.

Неуморно.

КАМЕНО НЕБО, Стаменост, апстрактна поезија/игриви песни, 58