КУЌА ШТО МОЛЧИ, стихозбирка

Потребно време за читање: < 1 минута

28. Пријател до непријател

Во твојата душа вкоренија
запалена свеќа,
та затоа несвесно трчаш
кон плоштадот
заедно со сите во замин
кон утре.

На твоите усни
збогувањето е пукнатина
што дели земја на две
различни големини,
та затоа се напнуваш
да го прескокнеш јажето
над вода оптегнато
од замразени и премразени
до самозаборав.

Твоето голо тело остана
скрвавено на високо сонце,
та веќе немаш верба
во ниедна спогодба
ниту со блиски,
ниту со најдалечни,
ниту со оние
што подмолно го мрачат
небото
за најпосле пустошно
да го обезумат
со секавици.

Leave the first comment