27. Нашиот час во часовник на кула
Го гледавме него со бран в срце смело
кога твојот проод предоцна го узнав;
во твоето лице морето беше бело,
а на полноќ без нас во устава лузна.
Да стоеше простум кога тонев в оган,
да лежеше гола на сонцето око,
ќе немав збор за твојот замин тогаш,
ќе пловевме в небо ко во лет на сокол.
И сал ќе те вардев со сенки во градот,
и гласови од нас ќе немаа трага;
но повтор ни гори во лицата јадот
и повтор си денам безимена тага.
Оти студ и молк ми прави ноќва јазол,
оти солза в издив ми зеде време идно;
оти сѐ ни е безнадеж во часов зол,
оти сѐ завеваме во заборав без дно.