Он некого мисли задлабочен
во мисли,
они се прашуваат кого мисли
за некако да му помогнат,
барем да не мисли друг;
додека мисли кого ли мисли?
Ги лаже дека мисли дрво,
голо дрво, без кора дрво,
без корен дрво, без сенка дрво,
кое дамна нема срцевина;
они не му веруваат зашто
не може да мисли
дрво дамна без срцевина
бидејќи знаат: којзнае од кога
не му излегува пред очи
првата љубов во зрели години.
Нема кого друг да мисли,
освен неа да ја мисли.
Решава да не ги лаже повеќе,
за повеќе да не го прашуваат
додека мисли задлабочен
во мисли,
со поглед вперен во недоглед.
Они го прашуваат кого мисли
сега,
а он им одговара дека мисли
ненадејно исчезната љубов
во негови зрели години;
они го прашуваат каде,
он им одговара кај што нема
љубов,
којзнае колку далеку
од неговиот небосклон,
истовремено
од неговиот внатрешен свет.
ПРЕПЕВ НА ПЕВ И ПОВЕВ, Зрачат сни, поетска инсталација, 25