18. Сега дел како целина
Се изделил се пресекол
се откинал се откршил
камен
од стара планина
со висок врв
од високиов врв
па се струполил
во нејзиново подножје
пред прагов
на каменава куќа
којзнае од кога
во осама без душа
значи без нас
без мене и без тебе.
Се струполил
пред прагов на куќава
со намисла никому
да не му дозволи
ни да помисли да влезе
камо ли да заживее
како отсекогаш.
Пред прагов
он и каменава куќа
оддалеку одблизу
изгледаат како целина
рамновесна.
Сосе старава планина
со висок врв.
Важна напомена: Сите права се задржани. Не е дозволено какво било преземање, копирање, објавување или преработка на делови или цели содржини од овој портал без претходно одобрение од авторот, редакцијата и/или издавачот. За секоја повреда на авторските и сродните права, Паноптикум го задржува правото да побара надомест и соодветна правна заштита.
Уредничка напомена: Во подготовката на содржината може да се користи дигитална/AI асистенција како помошна алатка за јазична, структурна, истражувачка или визуелна обработка. Финалниот текст е уреднички прегледан и објавен под одговорност на авторот и/или редакцијата. Главната илустрација на написот може да биде фотографија, авторска/архивска слика или AI-генерирана концептуална илустрација создадена за визуелна поддршка на текстот.