fbpx Прескокни до главната содржина Opens in a new tab

ЌЕ ДОЈДЕВ ВО МИНАТО ОД УТРЕ, довршени, а недовршени песни

17. И вака и како било

Ги изедначуваш
и вака и како било
откако минавме
низ сè што беше
само за нас создадено
со сила со усилба
конечно да сме
што бевме дамна
река понорница
којзнае од кога
на своја виделина.

Јас знам јас не знам
јас кога би знаел
дека уште има живот
зад пустелијава
скаменета каменита
би ја скротил мигум
нејзината тишина

веќе ни да наликува
на наша игра од деца.

За авторот: Љупчо Димитровски

Долгогодишен радио и ТВ новинар, писател и медиумски уредник со повеќе од 40 години искуство во електронските медиуми. Автор е на над 150 книги и основач на порталот Panoptikum.mk, како продолжение на култната емисија „Паноптикум“, со силен фокус на комуникација и новинарство.

За повеќе написи од авторот кликни тука.

Важна напомена: Сите права се задржани. Не е дозволено какво било преземање, копирање, објавување или преработка на делови или цели содржини од овој портал без претходно одобрение од авторот, редакцијата и/или издавачот. За секоја повреда на авторските и сродните права, Паноптикум го задржува правото да побара надомест и соодветна правна заштита.

Уредничка напомена: Во подготовката на содржината може да се користи дигитална/AI асистенција како помошна алатка за јазична, структурна, истражувачка или визуелна обработка. Финалниот текст е уреднички прегледан и објавен под одговорност на авторот и/или редакцијата. Главната илустрација на написот може да биде фотографија, авторска/архивска слика или AI-генерирана концептуална илустрација создадена за визуелна поддршка на текстот.