Карактер

Потребно време за читање: < 1 минута

Не се разликуваме според ставовите и мислењата, ама се разликуваме според цврстината на карактерот. Бидејќи често се двоумиш, се колебаш, внимаваш од каде и кон каде дува ветрот, не можеме да бидеме заедно. Oсобено не кон добра намера или благодатна цел.

Се разбира, дел од своите каркатери прилагодуваме еден на друг за сепак да не се оддалечиме премногу, та ни да не се познаваме.

Добри дела не прават лоши карактери.

ТИВКИ КЛОКОТИ, рефлексивни искази, 105