Седнал на камен крај пат
од камења големи и мали
редени еден по друг
додека не премалил
како да пробива свој пат
за сите времиња.
Прибира нова сила
и нови мисли
пред да продолжи кон
недоглед
секако до негде
надевајќи се некогаш
по него да одат потомци
со негов чекор.
Надевајќи се залудно
дека некогаш ќе одат
по него до него
до негови голи коски
на жешко сонце
од нив препознаени
та ќе ги соберат во ред
како на скелет човечки
та ќе ги закопаат крај
патов
да се знае кој го правел
и чиј е.
Пробива свој пат
камент за сите времиња
премалувајќи
за по него да одат
потомци со негов чекор.
ОГОН ВО ПУСТОШИЈА, Мразнина, поетска студија, 68