Како да минете добро на разговор за работа

Потребно време за читање: 2 минути

Џонатан Литман (Jonathan Littman) и Марк Хершон (Marc Hershon) напишале книга за начините за пронаоѓање на работа што ви одговара и ја насловиле мошне необично (се разбира и привлечно): „Мразам луѓе! Откачете се од надуени и нечесни дркаџии од работа и добијте го она што го сакате од вработувањето”.

Без оглед на навистина идиотскиот наслов, пораката е крајно едноставна: за да минете добро на разговор за работа, потребно е работодавците да ве засакаат, а не да ве замразат.

Еве неколку едноставни работи кои значат многу, а врз кои можете лесно да влијаете:

  1. Немојте постојано да се смеете.

Премногу насмевнување на разговор за работа се толкува како знак на нервоза и недостиг на самодоверба. Со други зборови, преправање, а тоа е нешто што на работодавецот никако не му одговара. Смејте се кога треба да се смеете, а на интервјуто бидете промислени и пријатни;

  1. Немојте весело да прикажувате.

Никогаш немојте да ја пополнувате тишината со безначајно зборување за вашата омилена серија или за вчерашниот натпревар или за нешто слично. Периодите на молчење се многу подобри од бесмисленото дрдорење;

  1. Немојте да се потите.

Ок, ова е полесно да се каже отколку да се направи, но барем можете да се обидете да не се облечете претопло. Никому не му влева доверба човек кој одговара на ваши прашања и интензивно се поти-и тоа се смета за знак на нервоза;

  1. Немојте да лажете.

Со невистини нема да добиете работа, а во разговорот за работа и најмало претерување се смета за лажење. Една лага може да го расипе целиот разговор, а искусниот испитувач ќе ја препознае и тоа ќе ви го каже в лице;

  1. Не обидувајте се да бидете комичар.

Ништо нема да знаете за лицето кое ве интервјуира, ниту најголемите афинитети, а камо ли неговиот смисол за хумор. Она што ви е вам смешно, може да изгледа сосема бесмислено во очите на другите;

  1. Немојте да го трошите туѓото време.

При секое интервјуирање работодавецот дава шанса и вие да го прашате нешто. Направете го тоа интелигентно, јасно и бидете во контакт со погледот со лицето кое го прашувате за да сфатите дали прашањето е добро примено. Ако поставите мноштво прашања за неважни работи, тоа ќе имплицира дека така ќе се однесувате и кога ќе работите-растурливо;

  1. Не ги коментирајте другите кандидати, како ниту претходното работно место.

Ако на сет глас се жалите на претходната работа, а својот поранешен шеф го нарекувате „ѓаволот лично“, работодавецот поприлично ќе се замисли за тоа какво лице прима во својот колектив;

  1. Немојте да бидете дребничави.

Ако од стартот почнете да барате „посебна ергономска столица за вашиот болен грб“ или за тоа дека „овде е неиздржливо топло“, големи се шансите љубезно да ви заблагодарат.

Leave the first comment