НЕ СЕ ЗНАЕ КАДЕ ПО ОД КОЈЗНАЕ КОГА, КАКО ИЛИ НЕКАКО. НЕ СЕ ЗНАЕ, А И НИКОЈ НЕ ЗНАЕ, НИТУ НЕКОЈ СЕ ОБИДУВА ДА ОТКРИЕ ОД КАДЕ ДЕНЕС, КАДЕ ОД ДЕНЕС ИЛИ БАРЕМ ДО КАДЕ.
КАДЕ СЕ СЛУЧИ ШТО СЕ СЛУЧИ? КАДЕ БЕШЕ СЛУЧЕНО ШТО НЕ СЕ СЛУЧИЛО? КАДЕ СЛУЧУВАЊЕ ПО СЛУЧЕНО?
НЕ ЗНАЕ КАДЕ НИ ПРВИОТ НИ ПОСЛЕДНИОТ ОД ТОЛПАТА КОЈА НИКАКО ДА РАЗБЕРЕ ДЕКА ВЕЌЕ НЕМА КАДЕ. НИ КАКО НИ ЗОШТО ДОСЕГА, КАМО ЛИ КОН КАДЕ ОТСЕГА. ПОГОТОВО ШТО НЕМАЛА, НЕМА, НИТУ ДОПРВА ЌЕ ИМА ПРЕДВОДНИК ЗА КОГО Е СОСЕМА НЕПРИФАТЛИВО КАДЕ БИЛО.
КАДЕ ЕДЕН БЕЗ ДРУГ КОГА ОДАМНА НИЕДЕН НЕ Е ЕДЕН СО ДРУГ? ИСТО ТАКА Е НЕЗАМИСЛИВО НИ ОД КАДЕ НИ ДО КАДЕ КАКО ЕДЕН ИЛИ КАКО ДРУГ.
ВО МОМЕНТОВ СЕКОЈ СЕ ПРАШУВА КАДЕ Е НЕКОЈ СĖ ДОДЕКА НИКОЈ НЕ СЛУША ОД КАДЕ ИДЕ ПЕСНА БЕЗ НИТУ ЗБОР, НИТУ СЛОГ, НИТУ КАКОВ-ГОДЕ НАДРЕДЕН ИЛИ ПОДРЕДЕН ИНТЕРПУНКЦИСКИ ЗНАК. СО ПРИДУШЕНА СВЕТЛИНА И БОЛКА ВО СРЦЕТО.
НАСЛОВИ (СĖ ВО НАСЛОВ), насловна проза, 45