6. Во јазол
Врзани во јазол
За никако никогаш
Ниту да се одврзат
Ниту да се најде
Некој да ги одврзе.
Чудно е за секој
Крајпатник
Како само успеале
Сами да се врзат
Божем само такви
Му требаат некому
Во безумно време.
Се врзале во јазол
Јанѕи
Та врзани не знаат
Дали таква
Судбата им била
Или во некое
Меѓувреме
Заборавиле каде
Им се изгубиле
Почетокот и крајот.